[ФОТО] Одморот на оваа Полјакиња во Мароко се претворил во Кошмар: „Ме гледаа како атракција, во Маракеш беше најлошо“

Точка

19/08/2025

18:56

1.259

Големина на фонт

а а а

Патувањето во Мароко за Каролина Вахович (35) од Полска требало да биде авантура за паметење, но се претворило во непријатно искуство. Наместо да ужива во егзотичните глетки, таа се соочила со постојани коментари, љубопитни погледи и непосакувано внимание.

„Како русокоса, сама Европјанка, во Мароко не бев гледана како обична патничка. Станав некаков вид атракција. Секој поглед, секој коментар, секоја понуда за помош имаа значење што никогаш не сум го барала,“ изјавила Каролина за „Mirror“.


„Во Маракеш беше најлошо“

Според нејзините зборови, Маракеш бил особено тежок. „Таму сè изгледаше како постојан напад – коментарите доаѓаа непрестано, на француски или арапски. На почетокот мислев дека комплиментите се симпатични и безопасни, можеби дури и ласкави. Но многу брзо сфаќаш дека тоа не е љубопитност – тоа е упорност која не престанува.“

Додава дека пристојното одбивање речиси никогаш не било доволно. Мажите инсистирале да им каже име, планови, па дури и детали за љубовниот статус. „Најчесто единствениот начин беше да кажам дека имам дечко. Тоа понекогаш ги запираше, но не секогаш. Најлошо беше што дури и нервозната насмевка ја толкуваа како повик да продолжат уште посилно да навалуваат.“


„Не можев ни улица да преминам без запросување“

Кога патувањето го продолжила надвор од големите градови, ситуацијата станала уште полоша. „Во помалите места и села вниманието ме гушеше. Наједноставните работи – да седнам во кафуле, да купам намирници, да преминам улица – се претвораа во ужас. Секогаш некој приоѓаше. Бараа фотографија, пари, а станаа секојдневие.“

Каролина вели дека облеката имала голема улога во перцепцијата. „Во Мароко, било каква откриена кожа или непокриена коса се толкува како порака, колку и да се трудиш да се облечеш скромно. Една лесен летен фустан или голи рамена се доволни да станеш цел на прашања, понуди и непријатни коментари.“

Жените ја осудувале

И додека мажите покажувале непопустлива љубопитност, жените, вели таа, реагирале на сосема спротивен начин. „Наместо сестринска поддршка, добивав студени и критички погледи. Доволно беше здолниште над глуждот или кратки ракави за некој веднаш да одмавне со главата. Една жена дури ме изгрди јавно на арапски – не ги разбирав зборовите, но тонот кажуваше сè.“

И покрај сè, Каролина не смета дека нејзиното искуство било целосно негативно. „Морам да признаам дека Мароко може да биде и исцрпувачко, но истовремено нуди вредни лекции. Ако му дадете шанса, ќе ве научи на отпорност, снаодливост, трпеливост и важноста на културната чувствителност. Клучот е да имате цврсти нерви, доза хумор и спремност да ги прифатите правилата што важат таму, а кои често се разликуваат од оние на кои сме навикнати дома.“