Топ 3 најбарани дестинации во септември 2025: Помалку туристи, време од соништата, а цените пониски

Точка

19/08/2025

21:21

974

Големина на фонт

а а а

Доколку сѐ уште не сте сигурни каде ќе одите на летување, а планирате одмор во септември, погледнете кои дестинации се најповолни.

Септември е еден од најдобрите месеци за патување. Во градовите и летувалиштата има помалку туристи, времето и натаму е пријатно, а цените за летување и сместување се пониски.

Тоа е одлична можност да ги запознаете посебните места во Европа, а да не се оптоварувате со преголем буџет.

Во продолжение ви предложуваме три дестинации кои може да ги разгледате како опција за септемвриски одмор.


Италија

Благодарение на големата мрежа на летови, Италија останува една од најдостапните и најповолни дестинации. Во септември може да најдете навистина пристапни цени за:

Милано, Трст, Венеција, Болоња.

Меѓутоа, оние кои сонуваат за вистински италијански одмор, треба да размислат за посета на Џенова.

Овој регион е познат по лозјата, маслинките и шарените гратчиња кои се „залепени“ за карпите над тиркизното море.

Посебно место зазема гратчето Манарола кое е опкружено со лозја. Тоа воодушевува со бајковит поглед, а шарените куќички се навистина прекрасна сцена.


Потценета дестинација идеална за краток одмор

Доколку ве привлекуваат помалите места, далеку од метежот и летните жештини, тогаш Рига во Летонија е одличен избор. Ова често занемарено гратче најмногу маѓепсува со својата архитектура.

Во самиот центар има повеќе од 800 згради со богато украсени фасади, полни со детали, растителни и животински мотиви.

Љубителите на културата ќе се воодушеват со музејот на модата и националниот музеј во Летонија.


Сонце, планини и Јадран

За сите оние кои во септември сакаат да ги впијат сончевите зраци и да ги наполнат батериите пред есента, одличен избор е сликовитата Црна Гора.

Во Подгорица може да поминете неколку денови и да уживате, но вистинска скапоценост се градовите покрај море. Едно од најубавите места е Бокакоторскиот залив којшто е опкружен со високи планини, исполнет со стари гратчиња како Котор, Пераст или Тиват.