Кристијан Диор, еден од највлијателните модни креатори на сите времиња, никогаш не поддржувал „расипување“ на модата. Неговите совети не биле насочени на таложење гардероба, туку на мудар избор и стил којшто трае, а јавно истакнал дека најскапото парче е она кое не може да се носи.
„Најскапиот фустан на светот е оној којшто не успеал. Тоа ја лути жената која го носи и станува товар за оној којшто го платил“, популарната реченица на Диор чии модни правила и денес ги следат дамите ширум светот.
Главниот совет на Диор:
„Доколку имате недостаток на пари за вашите фустани, однесувајте се со повеќе внимание при изборот на аксесоарите“, истакнал тој.
Ова значи дека Диор смета дека не се сите трендовски додатоци вредни за вложување во нив, особено оние „сезонските“ кои се скапи, но за кратко време престануваат да бидат релевантни и не се вклопуваат во гардероберот.
„Не купувајте многу, но внимавајте тоа што ќе го купите да биде добро“, ова е уште една легендарна реченица од модниот креатор.
Значи, избегнувајте да купувате импулсивни аксесоари кои се во тренд моментално, но не се вклопуваат со вашата гардероба која ја поседувате, кои нема да ги носите повеќе сезони, кои не одговараат на вашиот стил.
Наместо тоа:
- Инвестирајте во класични, сестрани парчиња, како едноставни црни чанти, дискретни марами или бисерни обетки, парчиња кои лесно се комбинираат со секаква модна комбинација.
- Фокусирајте се на квалитетот, бојата која ви одговара и издржливоста, тоа е вербата во вистинскиот стил, не во моментално популарниот тренд.
Според мислењето на Кристијан Диор, луксуз без цел е најголемиот минус во гардероберот.