[ВИДЕО] Полни 25 години чекала за да го отвори свадбениот подарок од нејзината кума: Она што го пронашла внатре ја оставило без зборови

Точка

18/08/2025

18:01

2.103

Големина на фонт

а а а

Денот по свадбата, повеќето младенци го поминуваат отворајќи ги бројните подароци и пликови со пари. Овој емотивен момент е нешто што особено го уживаат. Сепак, една брачна двојка добила големо изненадување кога прочитал една од картичките, пишува „Пипл“.

Кери Ан добила подарок од нејзината кума во 2000 година со посебна загонетна порака.

„Не отворај до 29 јули 2025 година“, пишувало на неа и таа навистина решила да ги почитува желбите на својата најдобра пријателка.

Четврт век чекање

Кутијата станала дел од нејзиниот живот, сведок на сите преселби и патувања – од Америка до Европа и Карибите, следејќи ја воената кариера на нејзиниот сопруг.

„Таа патуваше речиси колку и ние“, се присетува Кери.

Иако многупати била во искушение да погледне внатре, таа секогаш успевала да му одолее на искушението.

„Знаев дека станува збор е посебен подарок и сакав да ги испочитувам нејзините правила“.


Момент на вистина пред милиони

На 25-годишнината од бракот, со наговор на децата и потсетување од ќерката, дошол моментот за пресекување на лентата. Кери ја сподели својата приказна на социјалната мрежа ТикТок – а видеото веднаш станало вирално.

„Бев ужасно нервозна, но кога луѓето почнаа да оставаат коментари и поддршка, сфатив колку е моќна оваа приказна.“

Богатство од спомени

Внатре немаше шеги или ситници, туку честитки и рачно напишани пораки од драги луѓе.

„На почетокот мислев дека сите се од мојата кума, но потоа го препознав ракописот на пријателите, роднините, а на крајот и писмото од мојата сестра.“


Најемотивниот момент бил кога го здогледала ракописот на својата мајка, која починала пред осум години.

„Тоа беше момент којшто целосно ме скрши и ме исполни во исто време. Како таа да беше тука со мене.“

Времеплов во кутија

Пораките беа мал времеплов во 2000-тите – од модни совети („задржете ги капри панталоните и ѕвонарките, повторно ќе се носат!“), преку спортските коментари, па до политичките шеги и озборувања од тоа време.

„Сите тие ситници ме вратија во тој период, како повторно да сум таму.“

Нова традиција


Она што започна како трогателен гест се претвори во нова семејна традиција.

„Мојот сопруг и децата предложија повторно да ја запечатиме истата кутија, но овој пат со датумот 2050. Се надеваме дека тогаш ќе ја прославиме нашата 50-годишнина од бракот – а можеби и нашите деца ќе ја продолжат оваа идеја.“