Дали сте слушнале за златен овчар? Погледнете како изгледа

Точка

10/08/2025

14:14

1.564

Големина на фонт

а а а

Снимка од две кучиња, мешанчиња од германски овчар и златен ретривер, стана вистински хит на социјалните мрежи, собирајќи повеќе од 2,8 милиони прегледи. Овие спасени кучиња предизвикаа бран на воодушевување, но и жестока расправа меѓу љубителите на животни.

Сопственичката, која го води „Instagram“ профилот „@lifewithgoldenshepherds“, редовно објавува авантури на нејзините миленици Беар и Нала. Во популарната снимка, која брзо се прошири, таа ги опишува како „златни овчари“ – мешанчиња од татко златен ретривер и мајка германски овчар.

„Тие се совршена комбинација од лојалност, будност, заштитнички инстинкт и слаткост!“, стои во описот на снимката. Таа додаде: „Запознајте го нашиот ‚златен овчар‘: лојален како германски овчар, полн со љубов како златен ретривер. Добивате крзно, памет и галење во еден пакет.“


Бран на реакции

Коментарите од воодушевените следбеници брзо се редеа: „Ова мора да е најдобрата мешавина досега. Полни со љубов и луди како ретриверите, а паметни и послушни како овчарите!“

Еден сопственик на слично куче се пошегува: „Моето доби претерана енергија од овчарот, интелигенција од ретриверот и храброст на кокошка. Исто така, би нè продал за коска.“

Сепак, не сите беа воодушевени од терминот „раса“ за мешанчињата. Критичарите истакнуваа дека се работи за мешанци, а не за чистокрвни кучиња.

„Раса? Ова е мешано куче. Престанете намерно да одгледувате кучиња и да ги нарекувате свои раси“, напиша еден корисник.

Има и такви кои предупредија за етички проблеми: „Ова не е раса, туку нерегистрирано одгледување. Етичките одгледувачи не создаваат мешанци.“

„Ако сакате вакво куче, одете во прифатилиште. Вака само им давате идеи на оние што сакаат да заработуваат од модни мешани кучиња.“