Кејт Мидлтон повторно е во центарот на вниманието, а поводот, за жал, воопшто не е пријатен. По тешката борба со болест и неколкумесечно лекување, принцезата од Велс повторно се појави пред камерите и со својот изглед ја шокираше јавноста.
Загрижувачки слаба, со видливо вдлабнати образи и кревка силуета, Кејт Мидлтон наводно паднала на само 41 килограм. Иако секогаш беспрекорно стилизирана, овојпат ни најскапите фустани не успеаја да го сокријат она што сите го забележаа.
Принцезата од Велс, која во јануари објави дека е во ремисија по исцрпувачка терапија, се обидела да се врати на стариот начин на живот. Но, како што велат упатените – прерано. Почна повторно да се појавува на настани, се врати на кралските должности, но – телото го кажало своето.
Извори блиски до британскиот двор тврдат дека Кејт слабо јаде, нема апетит, а поради агресивната терапија изгубила и мускулна маса.
„Секогаш имала спортска градба, ја сакала активноста, но сега изгледа кршливо. Луѓето речиси и не ја препознаваат“, тврдат инсјдери за „RadarOnline“.
Принц Вилијам, видливо погоден од состојбата на својата сопруга, сè повеќе време поминува со семејството.
„Сè подреди на Кејт. Немa повеќе излегувања, нема протокол без неа, само да ѝ помогне да се опорави“, наведува изворот.
Јавноста дополнително била вознемирена кога Кејт неочекувано откажа доаѓање на кралските трки во Аскот, само 20 минути пред почетокот. Била најавена, името ѝ било на списокот, но сепак не се појавила.
Подоцна било потврдено: не можела. Телото и духот повеќе не го издржувале притисок.
„Маската на храброста паѓа кога остануваш сам“
Кејт сама признлаа дека закрепнувањето е потешко отколку што мислела. За време на посетата на онколошкиот центар во јули, рекла:
„За време на терапијата носиш маска на храброст, но кога сè поминува, почнува најтешкото. Веќе не си под надзор на лекарите, но ниту си блиску да функционираш како порано.“
Зад насмевката на Кејт Мидлтон се крие борба која ја води во тишина. Психички притисок, страв, очекувања, медиуми... сè оставило трага. Додајте на тоа и терапијата преку вграден порт, која ѝ предизвикувал мачнина и исцрпеност, и јасно е зошто телото повеќе не може да издржи.
Кејт Мидлтон не се откажува
Принцезата од Велс се обидува да закрепне на природен начин – со прошетки, акупресура, време со децата и сопругот. Но, она што ѝ значи најмногу е поддршката. Бидејќи, зад секоја принцеза стои кралска борба.