Шишето за вода може да биде дувло на зараза: Еве како да го исчистите

Точка

04/08/2025

17:50

556

Големина на фонт

а а а

Шишето за повеќекратна употреба што го носите со себе го одржува вашето здравје и го хидрира вашето тело, но само ако е чисто.

Повеќето луѓе не размислуваат за миење на шишето за вода. Најчесто, луѓето ја пијат последната голтка, го полнат шишето и продолжуваат да пијат.

Без оглед на тоа дали вашето шише за вода е направено од не’рѓосувачки челик, пластика или од друг тврд материјал, важно е добро да го измиете на крајот од секој ден. Ова е единствениот начин да се избегнат болести што можат да се добијат од валкано шише за вода.


„Бидејќи станува збор за влажна средина, бактериите се размножуваат лесно и брзо, што може да доведе до мачнина, повраќање и дијареја“, вели Роберт Глатер, доцент по итна медицина во Нортвел Хелт.

Важно е да се мијат сите делови од шишето, вклучувајќи го капакот и евентуално сламката.

Најдобри начини за дезинфекција

1. Машина за миење садови

Повеќето шишиња за вода можат да се мијат во машина за садови.

„Измијте го шишето на највисока температура на горната решетка меѓу чашите и исушете го на најдолгата програма бидејќи тогаш се убиваат сите бактерии“, објасни Дона Смалин Купер, сертифициран техничар за чистење на домот.

„Шишето треба да биде целосно суво пред да го користите повторно“, предупреди таа.


2. Детергент и вода

Рачното миење со топла вода и детергент е најлесниот начин на миење на шишето за повеќекратна употреба. Но, важно е по миењето шишето да се избрише со чиста, сува крпа (или хартиена крпа) за да се спречи формирање на нови места на шишето кои би биле подложни на појава на нови бактерии.

3. Оцет

Шише оцет во кујната може да послужи и како средство за дезинфекција на вашето шише.


„Можете исто така да го разредите оцетот, а со него ќе ги уништите сите бактерии на шишето. Измешајте иста количина оцет и вода, по можност 50 мл оцет и иста количина вода, и истурете во шишето, затворете го и протресете го. Оставете да отстои преку ноќ. Наутро, добро исплакнете го шишето со топла вода“ советува д-р Глатер.

4. Водород пероксид 3% раствор

Ако внатрешноста на шишето е лигава или има одреден мирис, можеби ќе треба да го зголемите миењето.

„Ова е мојот омилен метод на дезинфекција. Темелно измијте го капачето и шишето под млаз топла вода и исплакнете. Потоа истурете околу 50 мл трипроцентен водород пероксид во шишето и цврсто затворете го капачето. Силно протресете го шишето, отворете го и истурете го пероксидот. Исплакнете со топла вода за да бидете сигурни дека сте го отстраниле целиот водород пероксид. Тогаш вашето шише за вода би требало да биде целосно чисто“ рече Купер.


5. Таблети за чистење протези

„Постојат специјални таблети за перење, но за оваа намена може да се користат и таблети за чистење забни протези“ објасни д-р Глатер.

„Овој едноставен метод се состои од ставање таблета во шише наполнето со вода и оставање да отстои околу 30 минути. Исплакнете го шишето со вода и повторно е подготвено за употреба“ заклучи тој.