[ФОТО] Лансирана првата Барби кукла со дијабетес тип 1

Точка

09/07/2025

17:06

326

Големина на фонт

а а а

„Мател“ ја лансираше првата Барби кукла со дијабетес тип 1 во обид да поттикне поголемо чувство на инклузија и емпатија кај децата, изјави во вторникот потпретседателката на компанијата.

Новата Барби е дизајнирана во партнерство со глобалната непрофитна организација за дијабетес тип 1, „Breakthrough T1D“.

„Воведувањето на Барби кукла со дијабетес тип 1 означува важен чекор во нашата посветеност на инклузија и застапеност“, рече Криста Бергер, виша потпретседателка на Барби.


„Барби помага во обликувањето на раните перцепции за светот кај децата, а со одразување на медицински состојби како дијабетес тип 1, ние осигуруваме повеќе деца да можат да се видат себеси во приказните што ги замислуваат и куклите што ги сакаат“, додаде таа.

Што е дијабетес тип 1 и како куклата го прикажува?

Дијабетесот тип 1 е автоимуна состојба во која телото ги напаѓа и уништува клетките во панкреасот кои произведуваат инсулин. Често се дијагностицира во детството, а пациентите мора да ги следат нивоата на гликоза и мора да земаат инсулин секојдневно. Новата кукла носи CGM – мал уред кој континуирано го мери шеќерот во крвта на лицето – на раката за да ѝ помогне да ја контролира својата состојба.

За да го држи CGM на место, таа користи розова медицинска лента во облик на срце, заедно со телефон кој прикажува апликација што ѝ помага да ги следи нивоата на шеќер во крвта во текот на денот. Исто така, има инсулинска пумпа, мал, нослив медицински уред што овозможува автоматско дозирање на инсулин по потреба. Инсулинската пумпа е прикачена за половината.

Куклата носи син горен дел со точки и соодветно здолниште инспирирано од глобалните симболи за подигање на свеста за дијабетесот.

Соработка со Лила Мос и долгорочната стратегија на Мател

Заедно со новиот модел, компанијата лансирала и кукла Лила Мос по мерка, заедно со CGM додатоци. Инаку на Лила, ќерката на супермоделот Кејт Мос, ѝ бил дијагностициран дијабетес тип 1 кога имала 12 години.

Веќе неколку години, „Мател“ се обидува да ги диверзифицира своите модели, особено култните кукли Барби, по децении нудење – со неколку исклучоци – млада, витка русокоса бела жена во високи потпетици.


Од 2016 година, калифорниската компанија лансираше специјални со „облини“, „ситни“ и „високи“ верзии на Барби.

Во 2019 година, компанијата претстави линија на „родово инклузивни“, кукли како и оние со физичка попреченост.