[ВИДЕО] Има 24 години и заштеда од дури 100.000 евра: Ова се нејзините совети за штедење, а планот ѝ е да се пензионира пред 40-тата година

Точка

08/07/2025

21:50

1.216

Големина на фонт

а а а

Миа Роуз Мекграт, 24-годишна девојка од Лондон со над 143.000 следбеници на ТикТок, сподели совети за штедење пари и откри пет популарни навики поради кои луѓето остануваат без пари.

Миа веќе подолго време штеди и вложува пари наместо да ги троши, а досега има заштедено над 100.000 евра. Таа живее скромен и штедлив живот со цел да се пензионира до својата 40-та година.

„Без пари сте ако се обидувате да бидете кул или естетски привлечни“, рече таа.

Објасни дека купувањето нова облека или скапа маска за мобилен, само за да изгледаш „естетски“, е целосно фрлање пари.

Мекграт рече дека и самата порано трошела пари на „непотребни“ работи, пред да го промени својот начин на размислување.

„Сфатив дека тоа го правам поради другите, а не за себе“, рече таа.


Како втора честа грешка ја наведе слепата трка по трендовите, што на крај може да биде многу скапо.

„Не ви треба најновата тренди работа – Лабубу, чантичка од Коуч. Тоа не е неопходно“, зборува таа.

Додаде дека поддржува штедење за нешто што навистина ви се допаѓа, но ги поттикна своите следбеници да бидат искрени со себе пред да купат нешто.

„Ви гарантирам дека ако почекате 30 дена пред да купите нешто, веќе нема да го сакате“, рече Миа.


@miarosemcgrath why I work two jobs and invest 50% of my income in my 20s #investing #personalfinance #financialfreedom ♬ original sound - Kaz Singh40

Третата финансиска заблуда, според неа, е верувањето дека штедењето е бесмислено. Истакна дека дури и мал износ оставен на страна има значење.

„Гарантирам, не е важно колку е малку – веројатно не штедите токму поради тоа“, продолжила.

Таа започнала со мали суми, дури и додека живеела од студентска стипендија.

На своите следбеници им препорача и да започнат дополнителна работа, велејќи дека „не се премногу зафатени“.

„Престанете со изговори дека немате време, вистината е дека немате доволно желба. Без разлика дали е тоа создавање содржина, градење личен бренд или дополнителна заработка. Jас го правев сето тоа додека работев со полно работно време и бев секој ден во канцеларија“, раскажа таа и додаде дека сето тоа бара дисциплина.

Исто така, предупреди дека е неодговорно да се очекува дека „ќе се појави маж“ кој ќе овозможи „мек живот“ за кој некои жени сонуваат.

„‘Мек живот‘ е поим за живот по сопствени услови, ослободен од стресот од редовна работа. На ТикТок има многу лоши совети кои велат дека треба да се појавиш со своја ‘нежна женствена енергија’ и да седнеш во бар додека те најде богат маж… Треба да работиш напорно и да имаш свои пари. Ако запознаеш некој што заработува повеќе – тоа е бонус. Прво среди си ги своите финансии“, изјавила таа.

Во видеото додала и предупредување: „Ова нема да ви се допадне“, но видеото сепак доби многу позитивни коментари.

„Не кажа ниту една лага. Ако сакаш нешто – можеш да го направиш, само треба дисциплина“, „Чекањето 30 дена е генијална идеја“, „Одлични совети! Многу е важно да бидеш свесен за потрошувачката и да се фокусираш на долгорочно штедење“, „Количината на прекумерна потрошувачка што ја гледам е луда“, ѝ пишувале следбеници.