[ФОТО/ВИДЕО] Емануел Макрон премногу се опуштил: Светот зборува за неговиот непромислен потег додека наздравува со принцезата Кејт на кралската вечера

Точка

09/07/2025

10:45

1.488

Големина на фонт

а а а

Цел свет со внимание ја следи посетата на претседателот на Франција Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон на Велика Британија, а од синоќа сите зборуваат за потегот на Макрон на свечената вечера која кралот Чарлс ја приредил во негова чест.

Имено, Емануел Макрон бил фатен како ѝ намигнува на принцезата Кејт додека наздравувале.

Не е познато зошто Макрон си дозволил себеси да биде толку опуштен пред принцезата и останатите членови на кралското семејство.


Можеби го понела атмосферата во дворецот Виндзор и фактот што на вечерата биле и некои од најголемите светски ѕвезди, како Мик Џегер и Елтон Џон.

Многумина се прашуваат како неговата сопруга Брижит реагирала на ова намигнување, поради тоа што во последниве неколку месеци претседателскиот пар само реди скандали.

Прво шлаканицата која Брижит му ја приредила во авионот во моментот кога вратата била отворена, а потоа и други ситуации.

Имено, Макрон доживеал и нов блам кога на сопругата ѝ пружил рака додека излегувала од авион, а таа целосно го одбегнала.


Да ве потсетиме, вечерата која кралот Чарлс и кралицата Камила ја приредиле за претседателскиот пар означила почеток на тридневната посета на Макрон на Велика Британија.

Кејт за оваа прилика носела темноцрвен фустан и за првпат орден на кралското семејство на кралот Чарлс Трети. Исто така на главата носела и круна од покојната принцеза Дајана.


Убавината на Кејт очигледно не го оставила Макрон рамнодушен поради тоа што тие биле прилично блиски додека наздравувале.

Инаку, последната државна вечера на која принцезата Кејт присуствувала била во ноември 2023 година, по повод државната посета на Јужна Кореја.

Потоа правела операција на абдоменот откако ѝ бил дијагностициран канцер и примала превентивна хемотерапија.