Доколку ви се приближи змија, ова е единственото нешто што треба да го направите

Точка

09/07/2025

19:41

2.190

Големина на фонт

а а а

Со пристигнувањето на летото и зголемувањето на температурите, луѓето сè почесто се среќаваат со змии – не само во природата, туку и во урбаните средини.

Иако ваквите средби можат да бидат непријатни, експертите нагласуваат дека паниката не е решение.

Постои едноставен и ефикасен трик што ќе ја избрка змијата без ризик-и без повреда.

Создадете вибрација – змијата сама ќе се повлече

Ако видите змија во близина, не обидувајте се да ја избркате со викање.


Наместо тоа, доволно е силно да удрите со ногата по тлото. Змиите се исклучително чувствителни на вибрации, кои служат како сигнал за опасност. Во повеќето случаи, штом ќе го почувствуваат потресот, тие самите ќе се повлечат.

Како да избегнете средба со змија додека сте во природа?

Правете бучава додека одите – поместувајте гранки, чукајте со стап или камења. На тој начин змијата ќе има време да се скрие.

Носете високи чевли и долги панталони, особено ако влегувате во пошумени, запуштени или обраснати области.


Не ги допирајте змиите, дури иако изгледаат мрзливи или поспани – змиите касаат само кога се чувствуваат загрозенo, затоа не им приоѓајте.

Тие се корисни животни кои ретко напаѓаат без причина. Во повеќето случаи, змиите сами ќе избегнат контакт со луѓе, но ако им дадеме шанса да избегаат.