[ВИДЕО] Совршениот одмор се претворил во хорор: Американка нашла тајна камера во својот апартман

Точка

09/07/2025

22:00

1.575

Големина на фонт

а а а

Американката Полин доживеала непријатна ситуација поради која нејзиниот совршен одмор се претворил во кошмар. Таа ја раскажала својата приказна на видео објавено на Тикток.

Имено, Полин објавила дека открила скриена камера во бањата на луксузен сместувачки објект што го изнајмила со пријатели во Мароко. Снимката е прегледана речиси десет милиони пати…

„Ја гледате ли камерата?“ рекла Американката во видеото.

Кога ќе се зумира, можете да видите нешто што изгледа како објектив на камера во фоторамката. А на задната страна од рамката има слот за СД картичка, УСБ порт, копче за вклучување…

„Не е дигитална рамка, сликата внатре е хартија“, рекла Полин во видето.


Таа објави и видео на кое се гледа дека фоторамката била преместена од првиот ден кога пристигнале, сега гледајќи директно во нејзиниот туш… По ова откритие, вели Полин, таа веднаш пријавила сè на локалните власти, а започнала и истрага…

„Не сум сигурна што ми е дозволено да објавувам во моментов бидејќи судската постапка сè уште не е започната. Се што знам е дека Ер-би-ен-би е свесен за ситуацијата, домаќинот е забранет и е во затвор, огласот е отстранет. Имаме адвокат“, рекла Американката.

Сè уште не е потврдено дека станува збор за шпионска камера, но овие видеа ги загрижија многу корисници на Тикток. Некои препорачуваат и специјални „гаџети“ кои помагаат во откривањето на скриени камери, велејќи дека не се патува без нив…

„Наскоро одам на патување и сега сум параноична“; „Дефинитивно не си првата личност на која ѝ го направил ова, но си првата што дознава“; „Веднаш би го тужела за секој цент што го има“, беа дел од коментарите.