Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (53) повторно ги воодушеви своите следбеници со нови фотографии од одморот во Жрново, но овој пат предизвика и загриженост кај своите обожаватели.
Пејачката објави жешки летни фотографии на Инстаграм во црно бикини, позирајќи на самиот раб на базенот со поглед на густата шума и морето во далечината.
И додека некои коментираа за нејзината беспрекорна фигура и тен, други веднаш забележаа колку е блиску до работ.
„Кралица“, „Имаш и душа и тело“, „Севе национале“, „Секоја чест на ѕвездата“, напишаа нејзините следбеници.
„Жено, внимавај да не паднеш во бездната“, „Нема да биде добро ако паднеш таму надвор од базенот“, додадоа други.
Во објавата, Северина покажа како прави ѕвезда, се гледа колку е еластична и фит, а беше придружувана и од своето милениче, кучето Миша.