[ФОТО] Поради трагичната смрт на Жота, Вимблдон реши да го смени строгото правило по 148 години

Точка

04/07/2025

16:00

3.688

Големина на фонт

а а а

Најголемиот тениски турнир Вимблдон одлучи да го промени строгото правило по 148 години, а поради смртта на Диого Жота, која го потресе светот.

Смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва не само што го потресе фудбалскиот свет, туку влијаеше и на целокупните спортски настани.

Така, турнирот кој моментално е во фокусот, неофицијалното светско првенство во тенис – Вимблдон, одлучи накратко да го промени правилото кое го краси веќе 148 години, а тоа е дрес – кодот.


Ова тениско натпреварување има строги правила за тоа што смеат да носат играчите, при што тие мора да играат во исклучиво во бела комбинација, без детали на нивната опрема.

Сепак, по смртта на Жота и неговиот брат, Вимблдон им дозволи на играчите да носат црна лента на ракавите во чест на загинатите фудбалери.


Првиот играч што го стори тоа е португалскиот тенисер во двојки Франциско Кабрал. Кабрал носел црна лента на ракавот на последниот натпревар против Раџив Рам и Џејми Мареј, на кој победи со Лукас Мидлер.

„Ја слушнав веста додека возев кон терените на Вимблдон. Му посакувам сè најдобро на неговото семејство. Имаше прекрасни луѓе околу него и се надевам дека ќе го пребродат ова“, рече Кабрал.

Португалскиот тенисер додаде дека смртта на Жота била во неговата потсвест додека играл, и додаде дека не го познавал лично, но го опиша како вистински „рол модел“ во Португалија.