[ВИДЕО] Мексикански боксер депортиран од САД по борбата со Џејк Пол: Поврзан е со картел

Точка

04/07/2025

08:27

694

Големина на фонт

а а а

Познатиот мексикански боксер Хулио Цезар Чавез Јуниор бил уапсен во САД само неколку дена по борбата против Џејк Пол, од кого беше поразен со судска одлука.

Како што пренесе Си-ен-ен, Чавез бил уапсен поради неговата поврзаност со мексиканскиот картел Синалоа и други прекршоци.


Чавез Јуниор, синот на долгогодишниот боксер Хулио Цезар Чавез, влегол во земјата со туристичка виза во август 2023 година, која истекла во февруари 2024 година, се вели во соопштението на Министерството за внатрешна безбедност.

Понатаму се наведува дека Чавез помладиот моментално е во процес на депортација од Соединетите Американски Држави.

Чавез Јуниор дал лажни изјави во неговата неодамнешна имиграциска пријава и има активна потерница во Мексико за наводна вмешаност „во организиран криминал и трговија со огнено оружје, муниција и експлозиви“.

Боксерот аплицирал за постојан престој во април 2024 година врз основа на неговиот брак со државјанка на САД, за која американската полиција вели дека е поврзана со мексиканскиот наркокартел Синалоа преку мината врска со еден од сега починатите синови на Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, поранешниот водач на картелот.


Инаку, на Чавез Јуниор му било дозволено повторно да влезе во Америка на 4 јануари, но американската влада утврди дека тој престојува нелегално во земјата и дека може да биде депортиран на 27 јуни.


Чавез Јуниор се борел со Пол следниот ден, губејќи со едногласна одлука од јутјуберот кој стана боксер, а сега ќе биде депортиран.


Патем, пред 14 години, Чавез беше светски WBC шампион во средна категорија и еден од најдобрите боксери во светот.