Џонатан Дејвид во новата сезона ќе го носи дресот на Јувентус, а доаѓа како слободен агент откако целосно го одработи договорот со Лил.
Канадскиот напаѓач ќе биде освежување во тимот на Игор Тудор, а денеска пристигна со лет во Милано, по што ќе направи трансфер за Торино, каде ќе ги одработи и медицинските прегледи.
Дејвид ќе добива годишна плата меѓу 5 и 6 милиони евра, а „Тутоспорт“ пренесува дека очекувано за него ќе има и одреден бонус за потпишување на договорот, бидејќи пристигнува без отштета.
Истовремено, истиот медиум тврди дека неговите агенти барале 25 милиони евра за реализација на договорот, но на крајот новото раководство на Јувентус успеало да ја спушти таа цена на околу 10 милиони евра, обезбедувајќи многу поповолна финансиска позиција.
Пред етапата во Лил, Дејвид има настапувано уште само за белгиски Гент.
👋 Jonathan! pic.twitter.com/v4vsB997Rk
— JuventusFC (@juventusfc) July 4, 2025