Борис Дворшек, селекторот на младинската ракометна репрезентација на Хрватска (до 21 година), се најде во центарот на жесток скандал откако излезе во јавноста снимка на која ги навредува своите играчи.
Скандалот, кој ги шокираше хрватските медиуми, го објави порталот "Sportcom.hr", а на снимката се слуша како Дворшек во соблекувалната користи навистина срамен говор кон своите ракометари, веднаш по завршувањето на Светското првенство за играчи до 21 година, каде Хрватска заврши на 12-то место.
„Имате нешто да кажете? Немате? Доволно кажавте на теренот за себе. Ништо што ние не знаеме. Знаеме дека сте идиоти, дека сте кретени и дека сте тотално неперспективна генерација. Тоа што ве лажеме за да извадиме нешто максимум од вас е бајка за мали деца. Во сојузот знаеме дека ова е неперспективна генерација и треба што поскоро да се избрка надвор, за и да не трошиме пари на вас. Тоа го знаеме. Нема перспектива кај ниту еден од вас. Тоа го кажува фактот што никој од вас не игра ниту во Загреб, ниту во Нексе, ниту во Сесвете – тоа се трите клуба што вредат“, вели Дворшек.
Потоа продолжува со серија навреди и пцости:
„Од вас нема ништо, тоа ми е јасно. И мило ми е што го докажавте. Ако можевте подобро – ќе игравте подобро. Но не можете. Вие не сте се наспале, тие се наспале. Вам ви е рано, на Австријците не им е. Вам ви свири химна – и ним им свири. Имаат гордост. Вие немате. Вас ве боли к**, вие сте си самите најважни на светот. Затоа што сте кретени, селјаци, смрдливци. Да ви ја е*** мајката во уста, да ви ја е*** смрдливата на сите!“
Навредите потоа преминуваат во директни закани кон капитенот на тимот:
„Само гледај ме, само гледај ме, глупак еден. Само гледај ме. И ти си капитен, ти си к** мој.“
Кога капитенот се осмелил да го праша: „Како можете така?“, Дворшек одговорил:
„Оде*и додека јас зборувам. Имаш дома со кого да разговараш, овде сум јас главен!“
По бурната реакција во јавноста и бројни осуди, Борис Дворшек поднесе оставка, но снимката која излезе остави длабока трага и шокираше целиот регион.