[ВИДЕО] Луда сцена во Шпанија: Новинар во живо му се јави на Дамфрис и го повика да дојде во Барса

Точка

04/07/2025

16:52

370

Големина на фонт

а а а

Дензел Дамфрис, 29-годишниот десен бек, е на излезна врата од Интер. Холанѓанецот има договор уште три години, но уште во текот на сезоната јавно изрази желба да го напушти клубот. Се поврзуваше со многу клубови, а Интер постави и цена: отштетната клаузула за Дамфрис изнесува 30 милиони евра.

Како еден од најзаинтересираните клубови се споменува Барселона. Шпанските медиуми овие денови пишуваат дека клубот конечно ги средил финансиските работи и сега целосно работи во рамките на финансискиот фер-плеј. Во Барселона сметаат дека Дамфрис би бил големо засилување – исто мислат и новинарите што го следат клубот.

Новинар во живо го повика Дамфрис во Барселона

Жерард Ромеро, познатиот шпански новинар кој важи за еден од најголемите инсајдери кога станува збор за Барселона, реши да го вклучи Дамфрис во едно негово пренесување во живо пред илјадници фанови.

Ромеро му се јави на Дамфрис и директно го праша дали ќе дојде во Барса, имајќи предвид дека „сите го сакаат“. Дамфрис одговори на повикот, но беше видно збунет:

„Моментално сум на одмор. Не, не можам да зборувам. Жал ми е“, рече Дамфрис.

Кога Ромеро повторно се обиде да добие одговор, Холанѓанецот додаде:

„Извини, не можам ништо да кажам. Ви благодарам за повикот. Довидување.“

Целата сцена веднаш стана вирална и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.