Трагедијата со која се разбуди цела шпанската спортска јавност многу брзо се прошири во цела Европа и цел свет, а еден ден подоцна, сите се уште се во голема неверица за ужасната смрт на Диого Жота и неговиот помал брат Андре.
Двајцата португалски фудбалери загинаа во страшна сообраќана несреќа во провинцијата Замора и го завија во црно цело фудбалско семејство, но посебно неговите најблиски, португалската фудбалска репрезентација, како и клубот Ливерпул.
Прераната и трагична смрт не остави никого рамнодушен и во текот на вчерашниот ден пристигнаа безброј пораки за поддршка на најблиското семејство, а во таа насока оди и обраќањето на Арне Слот кој како менаџер на „црвените“, едноставно остана без зборови во обидот да ја опише болката која ја чувствува.
– Што да се каже? Што да се каже после ваков момент во кој шокот и болката се толку интензивни? Ќе беше добро да имав вистински зборови, но едноставно ги немам. Мојата порака за најблиските на Жота е следна: Никогаш нема да одите сами (мотото на Ливерпул). Играчоте, стручниот штаб и цела фан база на Ливерпул е со вас, но со вас е и цело фудбалско семејство.
– Можам да кажам многу за влијанието кое го имаше Диого врз нашиот тим, но секој што барем малку го гледаше, точно знае што значеше за нас. Работеше напорно, секогаш имаше голема желба, беше посветен и поседуваше голем квалитет и голови. Исто така до израз доаѓаа и квалитети кои никогаш не сакаше да бидат истакнати. Никогаш не бараше популарност, беше пријател на сите и секогаш се грижеше многу за своето семејств. Последен пат кога зборувавме, му честитав за освоената титула во Лигата на нации и му посакав среќа за свадбата која следеше. Ова требаше да биде лето од соништата за Диого и неговото семејство, па затоа е уште поболно што заврши вака, – порача Слот.
Arne Slot statement:
— Liverpool FC (@LFC) July 3, 2025