Бразилскиот репрезентативец Рафиња е последното звучно фудбалско име кое јавно ја нападна ФИФА поради актуелното Светско клупско првенство, односно терминот за негово одигрување.
Рафиња и Барселона ја загубија битката за подобар коефициент со Атлетико Мадрид и не беа дел од клупскиот мундијал, но крилниот напаѓач не се воздржал од својот негативен став кон новото натпреварување кое се одржува непосредно по крајот на долгата сезона.
– Навистина е лошо да се откажеш од својот одмор за играш на турнир на кој си приморан да се појавиш.
– Во ниту еден момент тие не ги прашаа фудбалерите дали сакаат да играат и кога е најдобар термин за вакво натпреварување. Само рекоа дека мора да играме и тоа е тоа.
– Го поминувам мојот одмор во Бразил и тоа е света работа која ништо не може да ја замени, – рекол Рафиња.