Интер може да продаде двајца стартери: Клаузулата на Дамфрис носи голем ризик за клубот

Дерби

04/07/2025

13:22

224

Големина на фонт

а а а

Раководството на Интер експресно назначи нов тренер по заминувањето на Симоне Инѕаги, но летово ќе треба да донесе и други тешки одлуки.

Медиумите најавуваат сериозни промени во тимот, вклучувајќи потенцијално заминување на неколку првотимци.

Покрај Хакан Чалханоглу кој е блиску до трансфер во Галатасарај, Интер може да го напуштат и Дензел Дамфрис и Маркус Тирам, првиот поради достапната откупна клаузула, а вториот поради слабата форма.

Дамфрис до 15. јули има активна откупна клаузула од само 25 милиони евра и таа важи за сите клубови надвор од Италија, при што медиумите тврдат дека најголем интерес за десниот бек покажува Барселона.

Тирам пак потфрли на Светското клупско првенство и има се повеќе шпекулации дека сака да замине, а „Спортмедиасет“ дури тврди дека контроверзната изјава на Лаутаро по поразот од Флуминенсе се однесувала и на него, а не само на Чалханоглу кој не беше во комбинација за настап.

Откупната клаузула за Тирам е 85 милиони евра, па Интер тука има повеќе простор за преговори со евентуално заинтересиран клуб, кој веројатно би можел да дојде само од Премиер лигата.

Од останатите фудбалери, неизвесна е и иднината на Павар, Бисек и Фратези.