[ФОТО] Срцепарателната порака на легендарниот тренер: Клоп се збогува од Диого Жота со емотивни зборови

Точка

03/07/2025

18:06

1.470

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп, поранешниот тренер на Ливерпул под чија тренерска палка Диого Жота стана еден од најдобрите фудбалери на овој тим, се огласи по трагичната смрт на овој фудбалер.

Жота кај „редсите“ пристигна во 2020 година од Вулверхемптон на барање на Клоп, и заедно стигнаа до финалето на Лигата на шампионите во 2022 година.

А откако дозна за веста за трагичната смрт на својот поранешен ученик, Германецот се огласи:


„Ова е момент во кој се борам! Мора да постои поголема поента! Но јас ја не ја гледам! Срцето ми е скршено по веста за смртта на Диого и неговиот брат Андреа. Диого не беше само фантастичен играч, туку и одличен пријател, грижлив и полн со љубов сопруг и татко! Страшно ќе ни недостигаш!

Сите мои молитви, мисли и сила се упатени кон Руте, децата, семејството, пријателите и сите кои ги сакаа! Почивајте во мир – со љубов“, наведе Клоп.


Да потсетиме, Жота загина во сообраќајна несреќа што се случи во Шпанија кога на автомобилот во кој бил со братот Андре Силва му пукнала гумата додека престигнувале, по што удриле во банкнина, а возилото било зафатено од пламен.