Во САД е постигнат договор со кој биолошките мажи повеќе нема да можат да се натпреваруваат во женски спортови. Светската јавност беше подигната на нозе кога Лиа Томас, трансродна личност, односно биолошки маж, почна да доминира во универзитетското пливање. За Лиа не беше тешко да ја победи женската конкуренција.
Оваа ситуација предизвика длабока поделба во САД – едниот табор тврдеше дека натпреварувањето не е фер, додека другиот тврдеше дека трансродните лица се жени и така треба да бидат третирани во сите општествени сфери.
Меѓутоа, со враќањето на Доналд Трамп на функцијата претседател, работите драматично се сменија. Познато е дека милијардерот е остро против учеството на трансродни лица во женски спортови. Затоа беше донесен договор со кој се забранува вакви ситуации да се повторуваат, пишува угледниот „New York Times“.
He’s losing his titles and medals he stole
— HC ⬛️◼️▪️ (@banbadmen) July 1, 2025
He’s losing his titles and medals he stole
He’s losing his titles and medals he stole
He’s losing his titles and medals he stole
🎶 🥳 🍾 pic.twitter.com/W7EurT7Dqe
Според договорот, Универзитетот во Пенсилванија се обврзал да им ги врати на спортистките сите индивидуални рекорди, титули и слични признанија во рамките на Првата дивизија во пливањето, кои биле „неправедно одземени“ од машки натпреварувачи кои биле дозволени да се натпреваруваат во женски категории.
„Денешниот договор за спогодба со Универзитетот во Пенсилванија е уште еден пример за влијанието на претседателот Трамп. Благодарение на Доналд Трамп, универзитетот се согласи да се извини за прекршувањата на "Title IX" и да обезбеди заштита на женскиот спорт за идните генерации спортистки“, изјави американската секретарка за образование, Линда Мекмејон.
Waving a flag for homophobia and misogyny - well done you 👏👏👏 pic.twitter.com/ojAFlLUYog
— Nicky 🍀💙OFAB♀️KPSS (@Drusilla451) July 2, 2025
Како успеа Трамп? Претседателот на САД ѝ се закани на Универзитетот во Пенсилванија со постапка во Министерството за правда и со можност државата да го прекине финансирањето. Универзитетот, по воспоставување на договорот, дури и се извини.
Што се однесува до реакциите во јавноста – тие и понатаму се поделени. Либералите се крајно бесни и тврдат дека Лиа Томас е дискриминирана, додека кај републиканците владее славје, уверени дека правдата конечно победила.