Италијанскиот шампион Наполи работи сериозно на уште еден трансфер и тоа за дефанзивецот на Болоња, Сем Беукема.
И покрај одличните настапи на одбраната на тимот на Антонио Конте минатата сезона, клубот и тренерот инсистираат да имаат повеќе опции за новата долга сезона, а Беукема е одреден како прв фаворит за една од овие позиции.
Останува Наполи и Болоња да ја договорат трансфер сумата, а шампионот е подготвен да исплати 25 милиони евра и да го вклучи Алесандро Ѕаноли, односно да го испрати десниот бек во спротивна насока.
Болоња првично барала 35 милиони евра, па се очекува да биде пронајден компромис и Беукема да биде промовиран во Неапол.
Конте веќе го доби Лука Марианучи од Емполи.