[ВИДЕО] Доктор предупредува: „Доколку се храните на овој начин, ви се заканува ризик од срцев удар дури и пред 35-годишна возраст“

Точка

01/07/2025

13:42

1.618

Големина на фонт

а а а

Сè популарни стануваат диетите во кои се избегнуваат јаглехидрати, а чија главнина ја сочинуваат намирници од животинско потекло како што се месо, јајца и путер.

Нивните заговорници тврдат дека таквиот начин на исхрана носи разни придобивки, вклучително и губење на тежината – со што кардиолозите воопшто не се согласуваат. Затоа, доктор Дмитри Јаранов предупредува на опасностите што демнат зад овој тип диета.

Исхраната богата со црвено месо е поврзана со голем број здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви болести и рак. Експертите, исто така, предупредуваат дека оние што се придржуваат кон таква диета се изложени на поголем ризик од болести како што се скорбут, па дури и рак, поради недостигот на витамин Ц и влакна.

Д-р Дмитри Јаранов, американски кардиохирург, изјавил дека исхраната богата со протеини може да доведе до срцев удар кај навидум „фит“ луѓе уште на 35-годишна возраст.

Во видеото на Инстаграм, кое е прегледано повеќе од 11 милиони пати, тој рекол дека неговите пациенти „изгледаат како извајани“, но тоа е само надворешноста.

„Видов што се наоѓа во нивните крвни садови – и не е убаво. Да, телото изгледа како машина однадвор. Но, внатрешноста раскажува поинаква приказна“, нагласил тој.


Потоа тој опишал конкретни искуства.

„Се грижев за фит 35-годишници кои доживеале срцев удар. Без никакви симптоми, без предупредување, тие беа како темпирана бомба“, додал тој.

Овој кардиолог предупредува дека екстремните диети можат да предизвикаат хронично воспаление кое на крајот води до срцев удар. Тој нагласува дека вистинското здравје не доаѓа од крајности, туку од рамнотежа.

Диета што го уништува внатрешниот слој на крвните садови

„Атлетскиот изглед не значи автоматски здравје. Нискиот процент на телесни масти не значи низок ризик – а стомачните мускули не ве штитат од пукање на плаки во артериите.“

Годините поминати на екстремно рестриктивни диети како што е исхраната базирана на месо може да доведат до екстремно висок холестерол, оштетени крвни садови, хронично воспаление и стеснети артерии, зголемувајќи го ризикот од срцев удар и мозочен удар.


„Ако вашата исхрана го уништува ендотелот (внатрешниот слој на крвните садови) – не е важно колку се силни вашите бицепси“, вели тој.

Интересот за овој вид диета драстично се зголеми во последниве години, а видеата на оваа тема собраа повеќе од милијарда прегледи на ТикТок. Сепак, се зголеми и бројот на студии што предупредуваат на можни опасности.

Една студија од 2023 година покажа дека луѓето кои јаделе само две порции месо неделно имале зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2.

Брајан Џонсон, попознат како Кралот на црниот дроб, стекна популарност промовирајќи ја исхраната со сурово месо.

Сепак, една студија на Харвард, која вклучуваше податоци за повеќе од 200.000 луѓе во текот на речиси 40 години, покажа дека оние кои јаделе најмногу црвено месо имале 62% поголем ризик од развој на болеста во споредба со оние чија исхрана била занемарлива.

Исто така, студија спроведена во Оксфорд – и на примерок од 1,4 милиони луѓе – покажа дека зголемената потрошувачка на црвено месо го зголемува ризикот од срцеви заболувања за 18 отсто за секои 50 грама консумирани дневно (околу една четвртина од просечен стек).

Сирењето и путерот се подеднакво опасни

Црвеното месо и производите од животинско потекло, како што се сирењето и путерот, се исто така богати со заситени масти, што може да доведе до натрупување на плаки во артериите. На долг рок, тоа го тера срцето да работи понапорно и го зголемува ризикот од срцев удар и мозочен удар.

Сепак, некои експерти ги оспоруваат наодите од одредени студии за штетноста од прекумерната консумација на месо. Тие истакнуваат дека многу студии не прават разлика помеѓу преработено месо како што се колбаси и плескавици, и помалку преработени парчиња месо како што е стекот.

Британската национална здравствена служба наведува дека месото е добар извор на протеини, кои му се потребни на телото за одржување и градење мускули, како и добар извор на витамини и минерали како што се железо, цинк и витамини од групата Б.


Сепак, тие советуваат избор на посни парчиња месо и ограничување на внесот на црвено и преработено месо за да се максимизираат придобивките и да се минимизираат негативните ефекти како што е високата содржина на заситени масти што може да го зголеми холестеролот.

Зголемен бројот на срцеви удари кај младите луѓе

Додека некои предупредувачки знаци се лесни за забележување – како силна болка во градите – други се нејасни и потешки за препознавање. Податоците од гореспоменатата организација, исто така, покажуваат зголемување на бројот на млади возрасни лица кои доживеале срцев удар во последните десет години. Најголемо зголемување (95 отсто) е забележано во возрасната група од 25–29 години.