[ВИДЕО] „Попрво би влегла во Појасот Газа, отколку овде!“: Видео од Црна Гора за кое сите зборуваат

Точка

30/06/2025

16:52

3.379

Големина на фонт

а а а

Будва е едно од оние летувалишта кои или екстремно ги сакате, или воопшто не ги поднесувате и ги заобиколувате, но без оглед на сè, таа и понатаму останува најпопуларното летувалиште на црногорскиот брег.

За време на сезоната, фотографиите и видеата што се појавуваат на социјалните мрежи привлекуваат најголемо внимание, коментари – и драма.

Токму тоа е случајот со една снимка направена на познатата плажа Плоче, а количината на негативни емоции предизвикани од неколку секунди видео – нè остави без зборови.

Кога станува збор за летување во Црна Гора, најжестоките полемики секогаш се водат околу Будва. Дали има туристи „како жолти мравки“, дали водата е валкана, дали едвај има место за папучи, а не за луѓе – и, најново, дали по базените на најпосетените плажи „демнее шуга“.

Една снимка од Плоче ја поттикна токму таа расправа, а лицето што ја направи вирална на социјалната мрежа X напиша дека „попрво би влегла во Појасот Газа, отколку во тој простор“.

„Журка во урина и пена“

Инаку, спорната ситуација околу која се води најжестоката дискусија на социјалните мрежи е всушност журка во базенот на споменатата плажа, која ионака е позната токму по тоа – добрата забава. И додека присутните млади уживаат, оние малку постари и поискусни немаат баш позитивно мислење за нивното „неодговорно однесување“.

„Ќе испиеш пиво и ќе добиеш сифилис“, „Тука само шуга можеш да закачиш“, „Воспаление на бешика и уринарни канали – како добар ден“, „Мене само ме интересира дали мочаат во базенот?“, „Вака точно си го замислувам пеколот“, „Ау, Боже, па кој уште оди тука? Не можам да поверувам дека некому со 20 и повеќе години му е доживување да се капе во урина со пена. Бљак! Одете и разгледајте го светот за тие пари“, ова се дел од негативните коментари што пристигнаа.


Експертите предупредуваат на мокрење во базен

Инаку, многумина како најголема закана за здравјето на младите ја истакнуваат токму можноста за мокрење во базен со мала зафатнина, за што неодамна зборуваа и стручњаци. Тие посочија дека мокрењето во море е сосема безбедно за капачите во близина, поради самиот состав на урината и морската вода, која ја неутрализира, додека таквата постапка во базени е многу опасна за здравјето на сите присутни.