[ФОТО] Ќерката на Моника Белучи ги засени сите во црно-белиот фустан со градите во преден план: На исто место се најде и нејзината поранешна маќеа – вистински моден спектакл

Точка

30/06/2025

17:51

1.917

Големина на фонт

а а а

Познатиот дизајнер Симон Порт Жакемис вчера во Париз ја претстави колекцијата за пролет/лето 2026. Меѓу манекенките на пистата беше и Дева Касел, која веќе соработувала со брендот „Jacquemus“. Ревијата ја гледала и Тина Кунаки, поранешната сопруга на Венсан Касел. Поранешната маќеа на Дева носела креација од споменатата француска модна куќа и не пропушта модни спектакли во организација на сè поуспешниот креатор.

Дева Касел (20) продефилира во магичен црно-бел фустан со карнери и истакнато деколте. Ова е едно од нејзините најубави модни изданија, а иако нејзината мајка, Моника Белучи, претходно лично присуствуваше на ревиите на кои таа учествуваше, овојпат италијанската дива не се појави.


Тина Кунаки (28) не ја пропушти ревијата; познатиот модел и „Jacquemus“ се одличен тандем. Таа е и пријателка на Симон Порт Жакемис, а не ѝ беше првпат да ја гледа Девa Касел на пистата.


Додека траел нејзиниот брак со Венсан Касел, Тина била многу блиска со неговите ќерки од бракот со Моника Белучи, Девa и Леони Касел. Се гледале заедно во Рио де Жанеиро, каде што познатиот актер живее со години (од 2018. покрај француското има и бразилско државјанство).


Се претпоставува дека се во добри односи и по разводот што следеше во 2022 година, по само четири години брак. Тина Кунаки неколкупати била забележана покрај Венсан Касел во Бразил по раскинувањето, а повод беше нивната ќеркичка Амазонија која заедно ја воспитуваат.

Венсан Касел (58) сега е во врска со Нара Баптисти (29), со која на 7 јануари оваа година го доби синот Кајетан. За оваа романса се дозна минатата година, а Девa и Леони ја прифатија новата партнерка на татко им, судејќи по заедничките фотографии.


За францускиот актер не претставува никаков проблем разликата во години помеѓу него и Нара, која е приближно на иста возраст како Дева, а и Тина е само осум години постара од познатата наследничка.

Моника Белучи (60) пред неколку години започна врска со режисерот Тим Бартон (66), и нивниот однос станува сè посериозен.