Овој викенд се жени Џеф Безос (61). Џеф беше во брак со Мекензи Безос од 1993 до 2019 година, а потоа ја пронајде среќата со Лорен Санчез (55). Со доаѓањето на новата љубов во неговиот живот, Безос во последниве неколку години драстично го промени својот изглед.
Роден како Џефри Престон Јоргенсен, Безос пораснал во Хјустон и Мајами. Откако неговата мајка се омажила за кубанскиот имигрант Мигел Безос, Џеф го прифатил неговото презиме.
Имал проблеми со акните
Како тинејџер, Безос работел во познат ланец за брза храна. На 16 години, летото 1980 година, се вработил како готвач во McDonald’s ресторан во Мајами. Поради тогашниот проблем со акни, не бил ангажиран на работи кои вклучуваат контакт со купувачи, туку работел во кујна.
Безос подоцна истакнуваше дека тоа искуство му било исклучително корисно. Научил да работи под притисок, да одржува ефикасност за време на гужви и да ја цени важноста на системот и менаџментот во бизнисот.
Во 90-тите го основа „Amazon“ и си го променува животот од корен
Дипломирал електротехника и компјутерски науки на Универзитетот Принстон во 1986 година. По дипломирањето, работел во неколку финансиски институции, вклучувајќи го и хеџ-фондот „D. E. Shaw & Co.“, каде што станал најмладиот потпретседател во историјата на компанијата.
Инспириран од брзиот раст на интернетот, Безос во 1994 година ја напуштил работата на Волстрит и се преселил во Сиетл, каде што го основал „Amazon“ како онлајн книжарница. Компанијата брзо ја проширила својата понуда со музика, видео и други производи, станувајќи глобален лидер во е-трговијата.
Во 2000 година, Безос ја основал „Blue Origin“ – компанија за вселенски истражувања со цел да овозможи комерцијални патувања во вселената. Во јули 2021 година, лично учествуваше во суборбитален лет со ракетата „New Shepard“.
Според „Forbes“, богатството на Безос во мај 2025 година е проценето на 220,9 милијарди долари, со што е трет најбогат човек во светот. Иако во 2021 година се повлече од позицијата извршен директор на „Amazon“, остана извршен претседател на управниот одбор и е активно вклучен во стратешките одлуки на компанијата.
Нова врска и фитнес рутина
Џеф Безос редовно вежба и значително ја подобрил својата физичка кондиција во последниве години. Неговата фитнес рутина вклучува комбинација од кардио вежби и тренинг со тежини, а работи со познатиот личен тренер Весли Окерсон, кој има соработувано со актери како Том Круз и Џерард Батлер.
Исхраната на Безос е богата со протеини и се базира на цели, непреработени намирници. Иако главно се придржува до здрав режим на исхрана, повремено си дозволува „cheat day“ – ден кога јаде нешто надвор од вообичаениот план.