Се споделува лажно видео од Игор Џамбазов на кое е уапсен: „Не сте нормални, колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни“

Точка

26/06/2025

11:00

5.130

Големина на фонт

а а а

„Е, не сте нормални... Вие што го смисливте ова“, напиша актерот Игор Џамбазов на социјалните мрежи откако во јавноста се појави видео направено со помош на вештачка интелигенција.

Изминатиот период сведоци смe на ширењето на лажни видеа или фотографии од познати личности од Македонија, а токму таквите видеа имаат вознемирувачка содржина.

Видеото од Игор Џамбазов е направено така што изгледа како прилог за една локална телевизија, а насловот гласи:

„Игор Џамбазов ги нападна претставниците на фармацевтската индустрија со зборовите: Убијци во бели мантили“.

Во прилогот Џамбазов е прикажан и со лисици, додека двајца полицајци го спроведуваа пред судот.

Актерот Игор Џамбазов го сподели видеото на неговиот Инстаграм профил и напиша:

„Е не сте нормални... вие што го смисливте ова.

Колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни и успешни луѓе!

Имате ли ум вие воопшто? Оти мозок немате, евидентно.

И да, заборавив. Срам да ви е! И арам!

П.С. Башка од авион се гледа дека ‘тепачот’ е Тони Михајловски, не сте се потрудиле баш. Ни ова не знаете да го направите ко што треба.

Бедници...“.