Овојпат бикинито е во втор план: Ана Ивановиќ објави фотографија од плажа и сите гледаат во детаљот на нејзината рака

Точка

26/06/2025

08:40

3.153

Големина на фонт

а а а

По бурниот и тежок период Ана одлучила со пријателите и семејството да се опушти на море и да ужива.

Некогашната тенисерка и шампионка, Ана Ивановиќ, одмара на плажа во друштво на својата мајка и деца, но тоа што привлекло најголемо внимание не се ниту нејзините пораки за мир, ниту насмевка туку фактот што на фотографијата нема бурма.

На една од најновите објави на социјалните мрежи, Ана позира во розово бикини, а под објавата пишува:

„Викенд во кратки црти – плажа, деца пријатели“.

Иако делува опуштено и насмеано, многумина забележале дека на нејзината рака ја нема бурмата, што веднаш предизвикало лавина коментари.

Веќе подолго време се шпекулира дека бракот меѓу Ана и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер поминува низ сериозна криза. Нивното молчење на оваа тема дополнително ги распламтило шпекулациите. Многу од следбениците на социјалните мрежи пишуваат:

„Нема прстен? Тоа е тоа. Изгледа како потврда за она што со месеци се говори“.

Според непроверените наводи, Бастијан бил забележан на плажа во Мајорка во друштво на русокоса жена со име Силвија, а се претпоставува дека тој веќе го напуштил семејниот дом и се преселил во Минхен.


Од друга страна, Ана го поминува времето и во Белград, посветена е на нивните синови Лука, Леон и Тео.