Последната епизода од 36-тата сезона на популарната анимирана серија „Симпсонови“, насловена како „Чудни нешта“, ја прикажува иднината на семејството Симпсонови во која почина нивната мајка, Марџ Симпсон.
Епизодата се фокусира на односот помеѓу Барт и Лиза, кои се разделиле како деца откако престанале да ја гледаат нивната омилена серија „Itchy & Scratchy“.
Марџ Симпсон, загрижена дека децата ќе станат странци, што подоцна се оствари, остава емотивна видеопорака во која ги моли секогаш да зависат едни од други.
Триесет и пет години подоцна, Лиза е комесар на НБА, додека Барт нелегално управува со дом за стари лица каде што живее нивниот ожалостен татко, Хомер.
Прикажана е кратка сцена од погребот на Марџ, каде што Хомер плаче на нејзиниот гроб, опкружен со своето семејство.
Кога социјалните служби се обидуваат да го однесат Хомер во дом за стари лица во Флорида, Лиза наоѓа стара снимка од Марџ како им кажува на децата секогаш да бидат тука еден за друг.
Инспирирани од нејзините зборови, Барт и Лиза се помируваат и го спасуваат Хомер. На крајот, сите се собираат дома за да го гледаат повторното прикажување на цртаниот филм „Itchy & Scratchy“.
Горе од небото, Марџ го набљудува своето семејство и вели: „Пресреќна сум што децата повторно ми се блиски.“
Потоа се појавува Ринго Стар, кој ѝ вели:
„Љубов, ќе задоцниме во рајското бифе. Имаат кула од ракчиња.
Марџ му одговара:
„Во ред, Ринго. Многу ми е драго што во рајот можеме да се венчаме со различни луѓе“, –и потоа го бакнува.
Епизодата предизвика лавина реакции на социјалните мрежи:
„ Не сум ги гледал Симпсонови повеќе од 10 години, а тие навистина ја убија Марџ?!“, напиша еден шокиран фан на мрежата Х.
„Зошто се мртви Марџ и Ринго?“, се прашува друг корисник.
Трет фан објави: „Што тоа слушам, ја убиле Марџ Симпсон?“
Иако станува збор за хипотетичка иднина, смртта на Марџ Симпсон во анимираниот класик кој трае повеќе од три децении длабоко ги потресе обожавателите ширум светот.