Милијардерот ја ангажирал средовечната новинарка за работа, па се развел по 25 години брак: Вака започнала аферата која наскоро ќе се претвори во свадба на годината

Точка

18/06/2025

10:14

2.744

Големина на фонт

а а а

Милијардерот и основач на „Amazon“, Џеф Безос, наскоро ќе се ожени со некогашната телевизиска водителка Лорен Санчез која од почеток на нивната врска привлекува многу внимание.

Џеф и Лорен се заедно од 2018 година кога и двајцата биле во брак. Основачот на „Amazon“ тогаш бил во брак со Мекензи Скот со која има четири деца, додека пак Лорен била во брак со Патрик Вајтсел, еден од извршните директори на агенцијата „WME“.

Овој љубовен четириаголник предизвикал вистински скандал, а Џеф поради новинарката се разведе после 25 години брак. Тоа го чинело 38 милијарди долари, а Мекензи набрзо потоа стана една од најбогатите жени на светот.


Од друга страна, Лорен има три деца од првиот брак и претходните врски. Популарноста ја стекнала како една од водителките на утринското шоу „Добар ден ЛА“. Освен со новинарството, таа се занимавала и со летање, а била консултант и во текот на снимањето на филмот „Dunkirk“.

Безос ја ангажирал од воздух да ја сними неговата компанија „Блу ориџин“. Милијардерот наводно на својата љубовница ѝ предложил афера на забавата на магазинот „Венити фер“ по повод церемонијата на доделување на Оскарите.

Според пишувањата на медиумите, ѝ шепнал: „Не можеш да се бориш против хемија“.

Парот бил забележан на вечера на 30 октомври 2018 година и тоа во ресторан на Беверли Хилс. После вечерата отишле во куќата на Безос, а Лорен од таму излегла наредното утро.


Иако и двајцата демантирале дека биле заедно додека биле во брак, насловните страници биле испишани со вести за тоа дека двајцата биле забележани на луксузни дестинации, ресторани, хотели, јахти...

„Тој со Лорен се гледа три пати неделно, ја носеше на егзотични патувања со приватен авион во вредност од 65 милиони долари. Нашиот фотограф ги фати како прават 'валкани работи'“, пишувало во магазините.

Во прилог на тоа се и фотографиите до кои дошол „Дејли Мејл“ пред јавно да кажат дека се во врска. Имено, Безос којшто воедно е и сопственик на „Вашингтон Пост“, бил долгогодишен критичар на тогашниот претседател Доналд Трамп и тие двајца имале конфликт. Поради тоа постојат шпекулации дека Трамп сакал да му се одмазди преку медиумите.


Да ве потсетиме, парот венчавката ја закажал за 24 јуни во Венеција, а тамошните жители се жалат поради тоа затоа што нивниот град ќе биде непрооден во текот на тие неколку дена.