„Не беше нимфоманка иако некои го мислеа тоа“: Популарната Саманта 4 пати ја одбила улогата во култната серија, сега открила и зошто

Точка

24/06/2025

14:15

765

Големина на фонт

а а а

На сите познатата Саманта Џоунс од култната серија „Сексот и градот“, актерката Ким Катрал неодамна дала интервју за британскиот магазин „The Times of London“ во кое открила дека улогата на Саманта ја одбила дури четири пати пред конечно да ја прифати.

Имено, главната причина за тоа била големата несигурност во себе која ја опишала како „временска дискриминација“, алудирајќи на бројот на години.

„Тоа со текот на времето се смени, 40-тите станаа секси. Одеднаш луѓето почнаа да зборуваат: Дај ни уште од тоа“, изјавила таа и додала дека е благодарна затоа што смета дека општествениот став кон жените во 40-тите еволуирал после популарната серија.


Актерката исто така истакнала дека ликот на Саманта целосно погрешно бил протолкуван и дека таа не е нимфоманка опседната со секс и мажи.

„Саманта не беше нимфоманка, иако некои можеби мислеа така. Таа едноставно знаеше да ужива во главното јадење. Додека другите грицкаа само предјадења, таа јадеше бифтек. И секогаш сѐ беше под нејзини услови, на тоа секогаш инсистирав“, истакнала актерката.

Катрал ја толкуваше улогата на Саманта во сите 94 епизоди во „Сексот и градот“ која се прикажуваше од 1998 до 2004 година, но таа е единствената која не се врати во продолжението на серијата „And Just Like That“.


Освен нејзиното појавување во финалната епизода од втората сезона, во останатите кадри не сме ја виделе, а сега открила и зошто.

„Голема е мудроста на жената да знае кога е доста. Не сакав да го загрозам она што серијата значеше за мене. Патот кон напред беше јасен“, заклучила актерката.