Galaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива

Точка

24/06/2025

12:18

156

Големина на фонт

а а а

Со години наназад Samsung Electronics ги дизајнира своите уреди според тоа што навистина им е потребно на луѓето – подобри перформанси, поостри камери и попаметни начини за останување во контакт. Но, со Galaxy AI се оди чекор подалеку од тоа што уредите можат да го направат – станува збор за тоа како луѓето комуницираат со нив.

Како што вештачката интелигенција брзо се наметнува како нов кориснички интерфејс, таа ја преобликува нашата врска со технологијата. Повеќе не станува збор само за апликации и алатки, туку смартфонот сега се развива во паметен придружник што ја разбира намерата на корисникот и реагира во реално време. Оваа трансформација нè носи од реакција кон антиципација каде што, кога AI станува интерфејс, намерите се остваруваат веднаш.

Следната генерација на Galaxy уреди се ре-осмислени околу нов интерфејс управуван од AI, поткрепен со револуционерен хардвер дизајниран да го отклучи нивниот целосен потенцијал. Таа иднина веќе започна да се одвива – и најдоброто од Galaxy AI и мајсторството на Samsung наскоро ќе биде откриено.


На 9 јули, Samsung Electronics ќе го одржи настанот Unpacked во Бруклин, Њујорк – населба со извонреден дух и уникатна историја. Бруклин е местото каде што визионерското размислување и смелите идеи ја обликуваат иднината, па затоа е и сосема соодветно Samsung тука да ги претстави најновите и најмоќните додатоци од Galaxy портфолиото – токму во место познато по својата култура, креативност и соработка. Настанот ќе се пренесува во живо на Samsung.com, Samsung Newsroom, и Samsung’s YouTube channel почнувајќи од 16:00 часот по македонско време.

Следете нè и не заборавајте да ја посетите news.samsung.com/global за сите претстојни тизери, трејлери и новости пред Unpacked 2025.

#Galaxy Unpacked #Galaxy Unpacked 2025 #Galaxy Invitation #Samsung Unpacked

#Foldable #Galaxy AI

Комерцијален текст