Шефот на компанијата „Nvidia“ подготвен е да ѝ помогне на Европската унија сериозно да зачекори во светот на вештачката интелигенција.
„Или Европа ќе се разбуди од сонот и ќе почне значително да вложува во развојот на сопствена вештачка интелигенција или засекогаш ќе робува на решенијата од САД“, порачал Џенсен Хуанг, директор на компанијата „Nvidia“.
Технолошката револуција се буди и во Европа, а нејзините центри се наоѓаат во Париз, Берлин и Лондон. Во средиштето на тие настани се наоѓа и извршниот директор на „Nvidia“, Џенсен Хуанг којшто минатата седмица ги посетил европските престолнини за да го промовира концептот „суверена вештачка интелигенција“, идеја која ја застапува од 2023 година.
Неговата порака е јасна: Европа мора да развие сопствена АI инфраструктура, во спротивно ризикува трајна зависност од американската технологија.
„Ќе вложиме милијарди тука, но Европа мора брзо да зачекори во AI“, изјавил тој во Париз, истакнувајќи ја потребата за итно делување на Европската унија.
Во исто време, британскиот премиер Кир Стармер најавил вложување од 1,18 милијарди евра за јакнење на домашниот капацитет за компјутерска моќ, нагласувајќи дека Велика Британија мора да стане создавач на AI, а не само корисник. Слична порака испратил и францускиот претседател Емануел Макрон, нарекувајќи ја AI инфраструктурата „наша борба за суверенитет“.
Германија исто така се приклучила на иницијативата, откако биле најавени плановите за градење на европска AI cloud платформа. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поврзал проектот со дигиталниот суверенитет и економската иднина на најголемите европски пазари.
Будење на аутсајдерите и одговор на ЕУ „тежок“ 18,6 милијарди евра
Без оглед на неодамнешните ветувања, Европа и натаму значајно заостанува зад водечките актери во AI индустријата. Нејзините cloud услуги и натаму се под доминација на американските гиганти како што се „Microsoft“, „Amazon“ и „Google“. Францускиот стартап „Mistral“, еден од ретките истакнати претставници во Европа, се соединил со „Nvidiа“ за да изгради домашен дата центар со 18.000 најнови Nvidia AI чипови.
„Нема причина Европа да нема свои технолошки шампиони“, порачал Артурс Менш, 31-годишен директор на „Mistral“. Својата заедничка амбиција со „Nvidia“ ја нарекол „гигантски сон“.
За да се стигне конкуренцијата, ЕУ во февруари најавила план за градење на четири AI фабрики, со вкупна вредност од 18,6 милијарди евра.
Цената на суверенитетот
Сепак, енергијата останува голем предизвик. Дата центрите трошат околу 3 отсто од вкупната електрична енергија во ЕУ, а се очекува и значаен пораст на потрошувачка во иднина. Големите технолошки играчи вложуваат меѓу 9,3 и 14 милијарди евра по квартал во инфраструктурата.
„Кој може тоа во Европа да си го дозволи?“, прашал Паскал Бриер од компанијата „Capgemini“, партнер на „Nvidia“ и „Mistral“, па додал: „Тоа значи дека не треба да направиме ништо“.