Актерот Келси Грамер наскоро ќе стане татко по осми пат, и тоа на 70-годишна возраст, откако во вторникот беше виден во Лондон на прошетка со сопругата Кејт Волш, која е видно бремена. Сепак, ако се земе предвид дека Роберт де Ниро доби дете на 79 години, а Ал Пачино на 83, оваа информација не предизвика голем шок – ниту меѓу познатите, ниту кај јавноста што го следи животот и делото на актерот.
Како што ексклузивно дознава „Дејли Мејл“, парот го очекува своето четврто заедничко дете, а извор близок до нив открива дека оваа бременост повторно ја разбудила искрата во нивниот брак. Келси Гремер, ѕвездата на серијата „Фрејзер“, кој веќе има седум деца, изгледал среќен и возбуден додека шетал со Кејт (46), која носела елегантен фустан што го истакнувал нејзиниот труднички стомак.
„Келси е пресреќен што конечно има време целосно да ужива во улогата на татко. Цела бременост беше многу грижлив и посветен на Кејт, иако бебето не беше планирано. Токму тоа што не го очекуваа донесе нова енергија во нивниот брак, која очигледно им недостасуваше“, рекол изворот.
Претходни бракови и деца
Парот досега има три деца: ќерката Фејт Грамер (12), и синовите Келси Габриел Грамер (10) и Оден „Џејмс“ Елис Грамер (8).
Грамер бил во брак четири пати, а покрај децата со Кејт, има уште четири од претходни врски: ќерката Спенсер Грамер (41) со првата сопруга Дорин Олдерман, ќерката Грир Грамер (33) со поранешната девојка Бери Бакнер, и ќерката Мејсон Оливија Грамер (23) и синот Џуд Гордон Грамер (20) со поранешната сопруга Камил Грамер.
Кога со Кејт го доби третото дете, актерот имаше 61 година. Но, животот знае да изненади.
„Искрено, убавината во тоа да си постар татко е што имаш можност сè да доживееш уште еднаш. За мене тоа беше вистински подарок“, изјави актерот во 2018 година за „The Guardian“.
Во текот на денот поминат во Лондон, Келси и Кејт уживале со децата – посетувале продавници, купувале храна и грицки, а потоа отишле во Хајд Парк за свеж воздух и игра.
Сè уште официјално не објавиле дека очекуваат бебе, но фотографиите зборуваат доволно – Кејт е во поодмината бременост, а извор открива дека породувањето се очекува наскоро.
Се запознале во авион
Парот се запознал во 2009 година, кога Кејт работела како стјуардеса, а Келси бил патник на нејзиниот лет за Лондон. Во тој момент, Грамер сè уште бил во брак со ѕвездата на серијата „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, Камил Мејер. Нивната врска започнала наскоро потоа.
„Всушност, се запознавме во авион. Неколку дена подоцна отидовме на кафе, а потоа имавме волшебна вечер во снегот во Лондон, околу Божиќ“, раскажа Келси во гостување кај Џими Кимел во 2012 година.
Се верија во декември 2010, а се венчаа на 25 февруари 2011 година во хотелот „Плаза“ во Њујорк, само неколку дена откако разводот на Грамер со Камил беше официјално финализиран. Тогаш изјави за списанието „People“ дека бракот со Кејт му изгледа „како да му се случува за првпат“, а сопругата ја опиша како „фантастична“.
Богата биографија
Келси Гремер стана познат по улогата на психијатарот Фрејзер Крејн во култната серија „Пријатели од барот“ (Cheers), која подоцна доби сопствена spin-off серија – „Фрејзер“. Серијата траеше 11 сезони (1993–2004) и освои дури 37 награди Еми, вклучувајќи пет последователни за најдобра хумористична серија.
Инаку, обидот за оживување на серијата „Фрејжер“ започна во 2023 година, но новата верзија беше откажана по две сезони.