Американската пејачка со албанско потекло Бебе Реџа е на одмор во Хрватска, од кадешто објави фотографии на кои позира во костим за капење и порача дека ја сака Хрватска.
Како што откри во објавата, една од најуспешните пејачки на денешницата престојува во Сплит, а судејќи според нејзините објави кои привлекоа големо внимание, таа уживала и во Вис.
Таа привлече особено вниманието со тесниот едноделен костим за капење во една од најмодерните бои во моментов, со кој ги истакна своите раскошни атрибути и ја покажа фигурата.
Пејачката позираше сосема природно, со пеги на лицето и природно брановидна коса, а под фотографиите напиша: „Ја сакам Хрватска“.
Под нејзината објава се редеа бројни коментари, најчесто со пораки дека „и Хрватска ја сака нејзе“, но и: „Хрватска е прекрасна земја, но со тебе е сензационална“, „И Сплит те сака“, „Добре ни дојде“, додека некои дури се запрашаа која е нејзината тајна на немање целулит.
Бебе Реџа исто така уживала на Хвар, а за тој ден избра поинаков, но не помалку провокативен стајлинг – едноделен тигрест костим за капење со тигреста марама на главата.
„Никогаш нема да си одам. Не можете да ме избркате“, се пошегува таа во описот на објавата.