Тој е најбогатиот пејач на Балканот: Од скромно момче до 100 милиони долари, докажа дека успехот доаѓа само со голем труд

Точка

17/06/2025

20:08

9.628

Големина на фонт

а а а

Според порталот „Celebrity Net Worth“, најбогат пејач на Балканот моментално е Дино Мерлин којшто „вреди“ дури 100 милиони долари.

Имено, оваа цифра значително го надминува богатството на другите регионални ѕвезди, како што е мегапопуларниот Здравко Чолиќ, меѓутоа многумина се прашуваат како се случило сето тоа со текот на времето?


Разгледувањето на патот на Дино Мерлин од самиот почеток како скромен човек до статус на најбогат пејач на Балканот, инспирира и покажува дека успехот доаѓа само со голем труд и голема посветеност.

Дино Мерлин по заработка ги надминал сите свои колеги, а пејачот отсекогаш рационално пристапувал со парите, додека пак исто така наплатувал и закажувал серии концерти во само еден месец.

Дино Мерлин, роден како Един Дервишалидовиќ, имал тешко детство во Сараево. Откако татко му го напуштил, Мерлин и неговата мајка се соочиле со финансиски предизвици, што го натерало од мали нозе да работи, па дури и во фабрика. Меѓутоа, музиката отсекогаш била неговата вистинска страст и љубов.

„Живеевме тежок живот и немав можност да одам на море. Сега кога сѐ е на свое место, можам и да пловам. Немам никаква грижа на совест ниту поради бродот којшто го имам ниту поради љубовта кон морето“, изјавил Дино во една прилика за медиумите.


Инаку, Дино никогаш не истакнал дека материјалните работи му се важни во животот, а многумина кои со пејачот приватно биле блиски, тврдат дека тој никогаш не сакал да зборува за парите, а дека и до денес е таков човек.