[ФОТО/ВИДЕО] Џастин Бибер се „распадна“ пред фановите и призна дека е лошо: „Скршен сум, имам проблеми со гневот“

Точка

17/06/2025

21:19

1.147

Големина на фонт

а а а

Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер проговори по неодамнешниот инцидент со папараците во Малибу. Во објава на Инстаграм, тој напиша дека е скршен и има проблеми со гневот.

„Луѓето постојано ми велат да се подобрам. Не мислите ли дека досега ќе го направев тоа ако можев да се поправам? Знам дека сум скршен. Знам дека имам проблеми со гневот. Целиот мој живот го поминав обидувајќи се да бидам како луѓето koi ми велеа дека треба да се поправам, а тоа само ме уморува и ме прави полош“, напиша тој на почетокот на објавата.

Потоа напиша дека само Исус може да му помогне да го фокусира својот живот на другите.

„Колку повеќе се обидувам да растам, толку повеќе сум фокусиран на себе. Исус е единствената личност што ме охрабрува да сакам мојот живот да биде фокусиран на другите, бидејќи искрено, во последно време сум исцрпен размислувајќи за себе“, рече тој.


Патем, неговото соопштение доаѓа само неколку дена откако тој имаше жестока расправија со фотографите кои го снимаа додека го напушташе Сохо Хаус Малибу во Калифорнија.

Бибер прво им рече да се оддалечат и дека се на приватен имот. Потоа им рече дека „никој од нив не може да се задева со него“ и дека не треба да им се приближуваат на луѓе што не ги познаваат, без разлика дали се познати личности или не.


Иако обезбедувањето на Бибер им кажа на присутните фотографи да се оддалечат од возилото на пејачот, тие продолжија да го снимаат неговото однесување.


За потсетување, обожавателите изразија загриженост за неговото здравје во последните месеци, бидејќи се однесуваше чудно во јавноста и споделуваше бизарни објави на социјалните мрежи.