Пред точно 11 години, фотографијата од полициското досие на Џереми Микс го обиколи светот. Тој беше уапсен за поседување огнено оружје како повеќекратен престапник, а неговата фотографија, објавена на Фејсбук страницата на полициската управа во Стоктон, стана вирална.
Со неговите впечатливи сини очи и изглед како на манекен, тој стана познат како „најзгодниот затвореник“.
Иако неговиот живот дотогаш беше сè освен гламурозен, со повеќе од една деценија поминати во и надвор од затвор, детство окружено со хероин и насилство и татко кој извршил убиство кога Микс имал само девет месеци, сè се сменило во 2014 година.
„Бев дете на зависници. Пораснав во темница. Мојот живот до затворот беше исполнет со болка“, рече Микс во 2021 година.
Станал дизајнер и актер
Откако беше осуден на 27 месеци затвор во 2015 година, Микс беше ослободен на почетокот од 2016 година, по што веднаш почна да гради нова кариера. Додека сè уште бил во затвор, тој добил дури 45 понуди за соработка, а по ослободувањето потпишал договор со менаџерската агенција „Вајт Крос Менаџмент“.
Следеше неговата голема трансформација – од криминално досие до модната писта. Џереми прошета на ревиите на „Philipp Plein“ и „Tommy Hilfiger“, глумеше во филмови (Trigger, True to the Game), а во 2019 година потпиша моден договор вреден 15 милиони долари.
Денес, тој ги дизајнира своите колекции, а на почетокот од 2024 година лансираше нова линија за модната куќа „Canon Mitchell“. „Да ми кажеше некој пред 10 години дека ќе патувам низ светот, ќе глумам во филмови и ќе бидам дизајнер, немаше да поверувам во тоа“, рече тој.
Во февруари 2024 година, тој ја објави својата автобиографија, „Model Citizen“, во која отворено прозборе за своето детство, криминалното минато, затворот и успехот. „Се наоѓам во точка од мојот живот каде што сум исклучително ранлив и сакам да ја раскажам мојата приказна – целата приказна – и се надевам дека луѓето ќе можат да се поврзат со неа и да разберат како стигнав до местото каде што сум денес“, изјави тој за „Пипл“.
Љубовен живот
Џереми беше во брак со Мелиса Микс речиси една деценија, а се разведоа во јуни 2018 година. Според достапните информации тој поднел барање за развод, а само два дена подоцна, папараците го фотографирале како се држел за раце со наследничката на „Топшоп“, Клои Грин.
Јавноста првпат дозна за новата романса во јули 2017 година, кога Клои објави сега избришана фотографија од неа и Микс на Инстаграм, со опис: „Само почеток… Ја цениме сета љубов и омраза“. Мелиса подоцна изјави дека не знаела дека Џереми сака развод сè додека не ги видела спорните фотографии. Во емотивно интервју за „This Morning“ во октомври 2017 година, таа призна: „Тој беше неверојатен сопруг, искрено… Беше навистина, навистина тешко за мене“.
Иако изгледаа заљубени и среќни, Микс и Грин не останаа заедно долго. Во мај 2018 година, го добија синот, Џејден Микс-Грин. Врската траеше две години, а заврши во 2019 година. Во интервју за „Пипл“ во април 2024 година, Микс потврди дека е слободен. „Слободен сум. Се обидувам да се фокусирам на себе“, изјави тогаш.
Татко на две деца
Микс е татко на две момчиња. Неговиот прв син, Џереми Џуниор, е роден додека бил во брак со Мелиса. Неговиот втор син, Џејден го добил со Клои Грин. Покрај тоа, Микс во неколку наврати нагласил дека ги смета децата од претходниот брак на Мелиса за дел од своето семејство.
Во разговор за „Екстра“ во 2020 година, Микс прозборе за својот однос со двете поранешни партнерки: „Имам неверојатен однос со Клои … А сега имам добар однос и со мајката на мојот најстар син“. Тој додаде дека и двете се „неверојатни мајки“ и дека заедно успешно работат на заедничко воспитување на децата.