Парис Хилтон, некогашна икона на луксузот и реалити ѕвезда, денес е целосно друга жена.
Во текот на емотивното интервју со новинарот Луис Тери, во рамките на Филмскиот фестивал, Парис Хилтон ја отворила душата и проговорила за еден од најтрауматичните моменти од својот живот, кога нејзино интимно видео протече во јавноста.
Имала само 19 години кога поранешното момче, Рик Саломон, ја изневерил на најлошиот можен начин, објавувајќи нивно видео без нејзина согласност. Тој настан го одбележал нејзиниот почеток кон светската слава, а оставил и големи лузни.
„Тоа беше најболното искуство во мојот живот“, изјавила Парис искрено.
„Му верував на некој којшто потоа тоа го сподели со светот. Луѓето ме осудуваа поради една ноќ, поради нешто што никој никогаш не требаше да го види. Тоа ме наруши засекогаш“.
Сега, на 44 години, Парис на тој период гледа од дистанца, но болката и натаму постои. Вели дека тоа искуство емотивно ја скршило, баш во моментот кога го подготвувала лансирањето на својата култна емисија „The Simple Life“ која ја вивнала во ѕвездите.
„Денес такво нешто во Калифорнија би било кривично дело доколку нема согласност од двете страни“, изјавила Парис.
Од Трамп до трансформации: Парис денес не е онаа иста девојка од Њујорк
Парис во интервјуто зборувала и за Доналд Трамп, за којшто во 2016 година изјавила дека го поддржува затоа што го познавала преку семејството. Но, во својата автобиографија подоцна открила:
„Не гласав. Тој беше само семеен познаник од моето детство во Њујорк“.
На прашањето, каков бил Трамп: топол, портокалов, пријателски насочен или не? Парис, само се насмевнала и одговорила:
„Веројатно тогаш му требаше нов спреј за самопотемнување. Сите беа сурови кон мене“.
Парис зборувала и за суровоста на медиумите во тоа време:
„Луѓето брутално ме осудуваа. Беше многу тешко. Работев деноноќно, се трудев да ме почитуваат луѓето, а потоа се случи тоа. И, сѐ што градев падна во сенка“.
Денес, Парис е мајка, сопруга, деловна жена и гласот на жртвите на злоупотреба на приватноста. Иако минатото не може да се избрише, Парис јасно покажува, повеќе не е само русокоса наследничка од таблоидите, туку жена која стои цврсто на нозе и избрала да ја раскаже својата вистина.