Во последните недели, на социјалните мрежи доминираат снимки од матурските прослави, на кои можат да се видат модните избори и комбинациите на матурантите.
Некои изданија нè воодушевуваат, некои ни се допаѓаат помалку, некои негативно изненадуваат, па дури и шокираат. Меѓутоа, една матурантка од Приштина буквално го фрли целиот Балкан „во екстаза“ кога се појави во фустан од „1001 ноќ“.
Кога станува збор за матурските прослави оваа година, девојките од Приштина предизвикуваат најмногу реакции на социјалните мрежи.
Откако една предизвика бурни реакции поради, како што многумина коментираа, нејзиниот несоодветен изглед за ваков вид прослава, нејзината сограѓанка остави сосема спротивен впечаток, а нејзиниот изглед предизвика восхит. Повеќето корисници на Фејсбук сметаат дека ваков моден избор не е виден на нашите простори.
Триделен кристален стајлинг
Имено, оваа матурантка носела многу впечатлив и гламурозен дводелен фустан кој се состоел од горен дел и долго здолниште. И двата дела биле целосно покриени со сјајни сребрени апликации кои личат на кристали, т.е. огледала, давајќи му на целокупниот изглед исклучително ефективна, рефлективна површина.
Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
Горниот дел имал длабоко деколте, со широки прерамки кои се спојуваат зад вратот откривајќи ги рамениците и стомакот. Долниот дел се состоел од долго здолниште со висок струк, кое ја следи линијата на телото и малку се шири кон дното, што дополнително ја нагласува фигурата.
На главата носела превез, направен од истиот сјаен материјал како и фустанот – покриен со рефлектирачки, сребрени блескави детали. Токму овој детаљ бил ефикасно поставен така што паѓал од врвот на главата надолу низ грбот, што му даде на целокупниот изглед дополнителна доза на луксуз и театралност.
„Како султанка“
Штом видеото се појави на социјалните мрежи собра голем број прегледи и коментари (претежно позитивни). Сепак, поединци со поконзервативни и традиционални гледишта сметаат дека стајлингот на матурантката бил премногу екстравагантен за 18 или 19-годишна девојка и за пригода како што е матурската прослава.
„Девојката изгледа совршено, како да дошла од иднината“, „Вау, ме остави без зборови, и таа е убава“, „Како султанка“; беа дел од позитивните коментари на корисници на социјалните мрежи.
„Прекумерно и непотребно“, „Ова е матура, а не маскенбал“, напишаа застапниците на поедноставните креации.