[ФОТО] Ваков налутен "Suzuki Jimny" досега не сте виделе

Точка

27/05/2025

16:36

1.052

Големина на фонт

а а а

Не е необично да налетате на модифициран "Suzuki Jimny", но ретко кога ќе видите примерок „налутен“ како овој.

Овој "Jimny", кој се продава на веб-страницата "Car and Classic", го започнал својот живот како "SJ413" за пазарот на Обединетото Кралство – истиот модел кој под името „Samurai“ влезе на американскиот пазар и го доби прекарот „SJ-FallOver“ откако „Consumer Reports“ го преврте при маневар на свиок.

Сепак, оној што го купил како стандарден модел во 1986 година, денес тешко би го препознал. Портокаловата "Lamborghini" боја дефинитивно не била достапна од фабрика, исто како и овој "body kit", кој му дава сериозно остар изглед на предниот дел, особено поради долгите „веѓи“ над фаровите.


За појаснување – ваков тип модификација, кој му дава на возилото „налутен“ изглед, беше исклучително популарен на тјунер-сцената пред неколку децении.

Вратите наликуваат на оние од модерниот "Ford Bronco", а како и "Bronco", "SJ413" има вистински теренски способности благодарение на редукторот и можноста за префрлање помеѓу ниски и високи преноси.


Надградбата од 1,0-литарски четирицилиндарски мотор на 1,3 литри ја зголемила силата од 44 коњски сили на 63, но овој примерок сега развива неверојатни 110 коњски сили (112 PS) благодарение на дополнителни тјунерски интервенции.

Под хаубата се наоѓа четирикрак издувен колектор, брегаста осовина, клипови со рамен врв и пар „Weber 45“ карбуратори, како и обоена капа на осовината која не додава ништо на перформансите, но дефинитивно му дава повеќе стил од обичната.


Цената на овој "Jimny" изнесува 24.500 фунти (околу 30.000 евра).