[ФОТО] Голема распродажба: Семеен автомобил чини само 8.300 евра!

Точка

28/05/2025

07:52

10.386

Големина на фонт

а а а

Во Кина беснее вистинска ценовна војна – и таа фраза можеби дури и звучи благо во однос на реалната жестина на ситуацијата.

Очигледно е дека екстремното намалување на цените од страна на компанијата "BYD" ги принудува конкурентите да реагираат, па така целосно нови електрични автомобили во Кина се продаваат веќе од 7.500 евра, а купувачите можат да најдат "plug-in" хибридни семејни "SUV"-возила за 10.000 евра.

Сега и "Geely" (сопственик на "Volvo") драстично ги намали цените на неколку свои модели, пренесува порталот "Revijahak".


Нивната марка "Galaxy" нуди временски ограничени попусти на седум модели. Меѓу другото, нивниот популарен семеен електричен автомобил "Xingyuan" (со должина од 4.135 мм, 80 коњски сили и досег од 310 км) сега се продава за нешто помалку од 8.300 евра – а претходно чинел околу 9.500 евра.

Секој што ќе го замени својот стар автомобил добива и дополнителна финансиска поддршка, а достапни се и државни субвенции. Во евра, тоа значи дека можете да заштедите речиси уште 3.700 евра од цената на возилото. Колоквијално кажано – можете да го добиете „за ситни пари“.


Сепак, не се само "Geely" и "BYD" што ги спуштаат цените. Кинеските "IM Motors" и "Leapmotor" сега нудат попусти до 30 проценти на одредени модели – најмногу кај поголемите електрични "SUV"-возила од средна класа.

Фактот што и "Geely Galaxy" сега сериозно се вклучува во ценовната војна покажува дека притисокот е жесток и дека борбата за купувачи на најголемиот светски пазар на електрични возила допрва почнува. Европските и јапонските конкуренти (вклучително и Tesla) ќе имаат сериозни тешкотии да се носат со овој притисок од домашните кинески марки.