Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.
Во дожд од голови Транском до победа во дуелот со Тиквеш
Транском 13-7(9-5) Тиквеш
Транском: Фисник Рењџа 5” 7” 39”, Венхар Фера 6” 7” 10” 16” 32”, Јетмир Арифи 9” 17” 17” 22”, Садам Мурселовски 38”
Тиквеш: Дамјан Петревски 1”, Деко Марков 3” 13” 23” 34”, Амар Елмази 14”, Александар Ристевски 14”
Екипата на Тиквеш одлично го отвори дуелот со екипата на Транском. Уште во раната фаза преку дуото Петревски – Марков до третата минута стигна до водство од 0-2. Вотие момени екипата на Транском ги консолидира своите задни редови и со притисок во предно поле до десетата минута не само што успеа да успеа да реализира пресврт туку и дојде до водство од 6-3. Во понатамошниот дел од натпреварот се играше егал. Екиапта на Тиквеш успеа да стигне до само еден гол негатива при резултат 6-5, но Трананском продолжи со одличната игра и од минута во минута го зголемуваше водството, па на полувремето замина со предност од 9-5.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Во 22” екипата Арифи постигна гол со што го зголеми водството на Транском на 10-5. По неполна минута Марков кај Тиквеш ги затресе мрежите на голот на Транском со што Тиквеш тезултатски пре приближи на 10-6. Во тие моменти екипата на Транском стави акцент на играта во нападот и со висок пресинг успеа да погодок зголеми водството на 11-6. Во 34” при одлично организиран контра напад екипата на Тиквеш повторно го намали водството на Транском на 11-7, но Транском продолжи со одличната игра и со два последувателни голови во последните две минути ча запечати победата во овој дуел, резултат 13-7.
Димовски со хет-трик го водеше Макстил до победа во дуелот со А1
А1 8-2(2-2) Макстил
А1: Стефан Петровски 4”, Ненад Трајков 20”
Макстил: Мартин Лазев 8” 26”, Филип Димовски 13” 37” 39”, Сеат Зејадин 25”, Мухамед Исмаиљи 28” 39”
Екипата на А1 одлично го отвори натпреварот со Макситл. Уште во раната фаза преку Петровски успеа да поведе со 1-0, но Макситл за 4 минути преку Лазев го израмни резултатот на 1-1. Се играше егал натпревар се до самиот финиш на првото полувреме кога и двете екипи успеаа да постигнат по еден гол за резултат 2-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Макстил играше офанзивно со целосен акцент на играта во нападот. Во ваквата игра кога ќе се додаде одличната реализација Макстил ја имаше формулата за успех, со која од минута во минута го зголемуваше водството, кое на крајот изнесуваше 8-2, со која Макстил избори убедлива победа.