Каспер Руд доби тениска лекција од Јаникс Синер во четвртфиналето на Мастерсот во Рим.
Голем број од тениските фанови очекуваа голема борба, спектакл со оглед на тоа што Норвежанецот е познат како добар играч на земјена подлога, беше во одлична форма и требаше да биде вистински тест за Синер кој го игра првиот турнир од Австралија Опен, меѓутоа Италијанецот го „оддува“ противникот со 6-0 и 6-1.
- Не беше толку лошо. Искрено, дури и беше забавно, иако загубив со 0 и 1. Бев во фазон ова срање е на следно ниво.
- Кога играте против некој што игра толку добро, тогаш се вели дека имаа два форхенди – еден на страната на форхендот и еден на страната на бекхендот. Во овој случај, како да имаше два бекхенда, бидејќи неговиот бекхенд е толку добар. Беше како да играв против ѕид кој постојано фрлаше топки кон мене со брзина од 160 километри на час, - истакна Руд.
Синер во полуфиналето ќе се соочи со Томи Пол, додека на другата страна силите ќе ги одмерат Лоренцо Музети и Карлос Алкарас.