Барселона и официјално е нов шампион на Шпанија, титула која ја круниса и потврди на теренот на лутиот и градски ривал Еспањол.
Погодоците на Ламал и Лопез беа доволни за да Барса дојде до триумф од 2-0 и со тоа да дојде до пехарот број 28. во својата историја. Имаше кратко славје на теренот, потоа и во соблекувалната, а откако заврши тоа дел од играчи со велосипеди се упатија во болнината каде е сместен Феран Торес.
Имено Торес се соочи со неочекуван проблем, воспалението на слепото црево и мораше итно да биде опериран и поради тоа не беше во комбинација за средбата со Еспањол. Дани Олмо, Ерик Гарсија, Педри и Ињиго Мартинез со велосипеди тргнаа кон болницата каде што е Торес за да заедно се израдуваат на овој резултат, а и на целата сезона со оглед на тоа што беа освоени сите пехари во Шпанија (Копа Дел Реј и Супер Купот).
Воедно Олмо пехарот му го посвети на докторот Карлес Мињаро кој почина на 8 март пред мечот на Барселона со Осасуна.