Кол Палмер има да оствари неколку цели со Челси до крајот на оваа сезона, да се обезбеди Топ 5 пласман во Премиер лигата и секако да се оправда статусот на фаворит и да се добие Бетис во финалето на Конференциската Лига на УЕФА, натпреварување во кое англискиот тим се „шета“ низ цела година.
Палмер не е во најдобар ритам ако се погледне целата негова сезона, меѓутоа уште е меѓу најважните играчи и се очекува од него да го испорача тоа кога е најпотребно. Офанзивецот има 23 години и кога е во својот пик, форма дефинитивно е страшен и тоа го покажа пред се минатата сезона, но тој во исто време ги следи и останатите случувања и за него во моментов број еден е тинејџерот од Барселона, Ламин Јамал.
- Лудо е, нели?. Мислам дека тој е најдобриот играч на светот, да бидам искрен. Чувствувам дека сè што прават едноставно оди преку него, и само кога го гледаш, едноставно…лудо. Можеш да видиш од начинот на кој игра дека е самоуверен и дека нема страв, а јас обожавам да го гледам, - вели Палмер кој прашан за тоа како Ламин игра со таков авторитет со само 17 години, ѕвездата на Челси одговори:
- Не знам… Никогаш не сум го пробал тоа.





