Горан Иванишевиќ имаше успешна соработка со Новак Ѓоковиќ, балканска соработка која донесе титули, успеси и со тоа им ја затворија устата на многумина кои не веруваат дека Хрватот и Србинот ќе можат соодветно да се спојат и испорачаа резултати.
Секако по некое време дојде до разделба, потребна беше нова енергија, предизвици и двете страни тргнаа по друг пат, меѓутоа почитта, респектот и понатаму е на највисоко ниво.
Иванишевиќ знае често да добива прашања за Ноле, па така за „Гол“ ја откри неговата најголема мана.
- Новак е посебен, различен, најдобар. Неговата глад за напредок е неверојатна. Многу може да се научи од него. Малку е скаран со времето. Тој никогаш не доаѓа на време. И сите го знаат тоа, сите се веќе навикнати на тоа, - вели некогашниот освојувач на Вимблдон.