Најпознатата атракција во Индија е симбол на една безвременска љубов: Ја знаете ли оваа приказна?

Точка

07/05/2025

13:36

2.284

Големина на фонт

а а а

„Ништо не смее да ѝ ги повреди нежните нозе на принцезата, додека шета низ градината“ – Шах Џахан.

Царот Шах Џахан наредил да се изгради Таџ Махал за неговата жена Арџуманд Бано Бегум, која е попозната како Мумтаз Махал (скапоцен камен на палатата), која умрела при породување со нивното 13-то дете на 39-годишна возраст. По нејзината смрт, царот решил да ја преболи својата сакана сопруга, која и покрај многуте жени што ги имал, единствена му била сродна душа, со изградба на гробница каква што светот дотогаш немал видено. За место на изградба на својот проект, царот ја избрал градината на брегот на реката.


Тој остави зад себе и зборови што сведочат за зградата во која вложил повеќе од 20 години од својот живот.

„Виновникот треба да побара засолниште тука,

со извинување, станува чист од гревот

Ако грешник оди до ова здание,

Неговите гревови ќе бидат заборавени.

Глетката на оваа зграда создава сцени на тага.

И Сонцето и Месечината излеваат од очите.

На овој свет, оваа градба е изградена

За да ја покаже со тоа славата на својот творец“.


Историчарите го нарекуваат Таџ Махал „сон во мермерот“ и „апотеоза на индиската женственост“. За изградбата на овој споменик на љубовта Шах Џахан ги донел најпознатите градители и ѕидари. Повеќе од 22.000 работници биле ангажирани во текот на 22 години, колку што траело градењето.

Ова здание денес не е само најпознато во цела Индија, туку можеби и најубавиот споменик на една љубов.

До денес се прераскажува легендата дека мудриот Шах, дури и од заробеништво (каде што бил држен осум години од неговиот син), успеал да најде начин да го набљудува местото каде што почива неговата сакана. Според таа приказна, петтиот владетел на Могулската империја имал дијамант вграден во својот ѕид, кој бил позициониран така што му овозможувал да го гледа Таџ Махал од одреден агол.


Таџ Махал го нарекуваат „апотеоза на индиската женственост“. Главната порта е синоним за превезот на жената, кој, според индиската традиција, симболично се отстранувал од нејзиното лице за време на првата брачна ноќ. Правоаголната основа била избрана и со причина, бидејќи многумина набљудувачи ги потсетува на женската убавина.

И сето тоа е дополнително разубавено и збогатено со бројни скапоцени камења и украси. Сепак, не треба да ја заборавиме локацијата каде што се наоѓа Таџ Махал. Поради нереалната комбинација на материјали, декорација и локацијата, овој споменик на вечната љубов е покриен со различни нијанси не само во различни периоди од годината, туку и во различни периоди од денот. Затоа во неговата безвременска убавина секогаш може да се ужива на различни начини.


„Во блескавата водена површина се наоѓаат лотосови цветови – од влезната врата, низ градината па сè до Таџ Махал, гордата градба од снежно бел мермер, цветни градини, а над тоа темносино индиско небо. Сето тоа се вклопува во една слика, а во душата на посетителите исчезнуваат сите грижи и проблеми коишто ги имаат. Така што, нешто слично тешко дека може да се најде на овој свет“.